Кариерата на Мино почнала во ресторан
Мино Рајола е роден во малиот град Ночера Инфериоре во провинцијата Салерно на југот од Италија - таму каде што на брегот од Тиренското море расте посебен вид на домат наречен Сан Марчано, без кој просто не може да приготвите пица Наполетана. Родителите на Мино не можеле да си дозволат отворање на ресторан (во Италија татко му работел како механичар), но одлично знаеле како да ги изненадат жителите на холандскиот град Харлем каде кон крајот на ’60-те години се преселил кланот Рајола. Почнале да прават пица и сос од убавиот домат.
Во „Наполи“, како што се викал снек барот кој во Харлем го отворил татко му, 16-годишниот Мино работел како чистач и келнер, но често стоел близу масите каде се договарале локалните добавувачи и бизнисмени. Така Мино лесно го совладал холандскиот јазик, подобро од родителите. На крајот Мино станал нешто како советник на татко му или како што раскажа самиот „Човек кој го решаваше секој проблем“.
Во ресторанот Мино почнал активно да ги учи вештините на преговарање.
Рајола знае седум јазици
Мино изјави дека три години го учел англискиот јазик и за тоа време ги гледал филмовите на Disney во оригинал. Потоа учел шпански, француски и германски, а на крајот го совладал и португалскиот за да комуницира со бразилските и португалските играчи.
Рајола влегол во фудбалот многу рано
Паралелно со работата во Наполи, Рајола учел за адвокат, освојувал пехари во пинг-понг и играл за јуниорската екипа на Харлем. Таму ја започнал и менаџерската кариера.
Тоа се случило вака: Секој петок во ресторанот „Наполи“ доаѓал претседателот на Харлем на голема семејна вечера. Мино бил близок со нив и еднаш раскажа: „Стално му зборував дека не ја разбира играта, а тој ми одговори: Ајде штом си толку паметен, покажи ми што не разбирам“.
Следното утро Мино станал спортски директор на Харлем, но во канцеларијата останал само неколку месеци - да се изгради добра екипа требало пари, а не мудрувања на старите копилиња во управниот одбор. На крајот, Мино ги пратил сите каде што не треба и отишол да бара пари.
Парите ги нашол сам - во менаџерската агенција Sports Promotions која во ’90-те години работела со многу холандски играчи. Мино дошол во Sports Promotions во идеално време, со оглед на тоа што сите домашни играчи сакале да се преселат во Италија. Рајола одлично зборувал холандски и преведувал од италијански, активно учествувал во преговорите и трансферите.
Во 1992. година од Ајакс во Италија заминал Брајан Рој. Мино бил еден од оние кои работел на трансферот. Потоа во Џенова во однел Марсиано Винк исто од Ајакс. Пота следувале трансферите на Вим Јонк (од Ајакс во Интер), Михел Крик (од Ајакс во Падова), Денис Бергкамп (од Ајакс во Интер) и други.
Но главните трикови во преговорите, Мино Рајола ги чувал за соло кариерата. Станал менаџер без кој не се може и стекнал право да ги застапува сите холандски играчи. Сега веќе не му била потребна поддршка од Sports Promotions. Мино почнал да работи сам.
Рајола ја нарекол фирмата во чест на Том Круз
Мино во Холандија регистрирал агенција која што ја нарекол Maguire Tax & Legal а името го смислил додека го гледал филмот Џери Maгвајер во кој главна улога на спортски агент играл токму Том Круз кој одлучил да отвори сопствена агенција откако го избркале од агенцијата поради критики на раководството.
Рајола не сакал Недвед да премине во Лацио
Првиот голем успех на итриот лисец Мино била преселбата на Павел Недвед од Спарта Прага во Лацио за 1,2 милиони фунти. Мино првпат го видел Недвед во летото 1996. година, кога везниот играч одигра фантастично на Европското првенство и според Рајола бил спремен за трансфер во подобра лига.
На крајот, Павел потпишал договор со Лацио, но следната сезона му се јавил на Мино и му кажал: „Сакам да си одам. Јас сум странец и тука никому не сум потребен, на што Рајола одговорил: Павел, полека, седиш на трибините затоа што тренерот Ериксон ништо не разбира. Прави што треба и се ќе биде во ред“.
За неколку недели, Недвед станал главен играч на Ериксон и кога Атлетико Мадрид сакал да го земе, Швеѓанецот му рекол на Серџо Крањоти дека ако сака скудето може да го продаде целиот тим, само не Недвед. Како резултат на тоа, Павел станал најлпатен играч во Лацио и ја освои Серија А.
Рајола никогаш не го поднесувал Лучано Моџи
Мино раскажувал дека може да напише книга за тоа како Недвед станал играч на Јувентус. Прво, тој лично не го сакал Моџи и сакал да го истресе и последниот денар од стариот: „Мислев дека ќе дојде ден кога Јувентус ќе сака да купи мој фудбалер. Тогаш ќе го натерам Моџи да плати за се“.
Втор, Недвед до последен момент не сакал да замине, во Лацио им ветил нов договор иако Јувентус бил спремен да му даде двојно поголема плата. Тогаш Мино дошол дома кај Павел и почнал „да и го пере мозокот на жена му“. Ја убедувал дека во Торино ќе и биде многу поубаво. Како резултат на тоа одлучила една епизода од април 2001. година.
Павел, жена му и Рајола се состанале со синот на сопственикот на Лацио Серџо Крањоти да потпишао нов 4-годишен договор. За таа прилика жена му на Недвед му купила посебно, златно пенкало. Се смееле, се сликале, муабетеле и се било како подмачкано до моментот кога син му на Крањоти не одлучил да упропасти се.
За разлика од татко му, младиот Крањоти не го сметал Недвед за неопходен играч и верувал дека треба да го продадат за да добијат многу пари. „Сите се смеевме, само синот на Крањоти се муртеше. Кога дојде време за потпис, тој само му фрли пенкало на маса и му рече на Павел: Потпиши! Недвед го извади златното пенкало, го потпиша договорот и не кажа ни збор. Но само што останавме сами рече: „Крваво неблагодарно копиле. Мино прави што ќе правиш но носи ме од Лацио. Веднаш му реков дека нема да биде лесно, но дека ќе сторам што можам. Знаев дека Јувентус веќе има договор со Лацио, така што морав да се расправам со нив. Го фативме првиот авион и одлетавме за Торино“, се сеќава Мино.
Преговорите со Јувентус морале да останат тајна, но според Мино, луѓето од Јуве пренеле информации до новинарите кои пренеле дека Павел одбива да се врати во Рим. „Во Јуве сакаа да работат по принципот: Вие работете како што ќе ви кажеме и потпишете што ќе ви дадеме. Но јас сакав Павел да заработи повеќе отколку што заработи Зидан во Реал Мадрид. Јуве предложи договор со празна графа за плата. Седевме на преговарачката маса.
Павел го погледна договорот и го потпиша со зборовите: Мино, сега одам дома, а ти утре сабајле кажи во кој клуб ќе играм - Јувентус или Лацио. Ти си мој агент. После тоа замина, а луѓето од Јуве ми рекоа: Ќе ти дадеме Икс пари. Јас се предомислив и им реков не сакам Икс, сакам Ипсилон. Ти си луд ми одговорија. Во еден момент ми се јави мајка ми да ми каже дека татко ми доживеал срцев удар и дека е во критична состојба. Сфатив дека веќе немам сила да се расправам и им реков: „Слушајте. Сега одам во хотел, а утре ќе одам кај татко ми во болница. Направете како што ви реков. И заминав. На крајот Јуве ги прифати условите.
Златан сам лично го побарал Рајола
За разлика од многу агенти кои работеле во Холандија на почетокот на новиот век, Мино не се обидел да поптише со Златан. Во Ајакс имал многу други клиенти меѓу кои и Максвел, младиот бразилски бек и најдобар другар на Ибрахимовиќ. По барање на Ибра, Бразилецот еднаш го викнал Рајола на вечера во хотелот „Окура“ во Амстердам. Луксуз насеаде.
„Зошто нее овде. Мора да бидеме на ниво“, рекол Златан по што заминале во суши барот каде Мино резервирал маса. „Можеби ќе дојде во пругасто одело и поубав саат од мојот“, рекол Ибра. Но набрзо Мино се појавил во фармерки и кратка Најк маичка од која му се гледал стомакот.
„На нашиот прв состанок дојде со Порше, носеше јакна Гучи а на раката златен Ролекс. Го погледнав и му реков: Мислиш дека си мангуп? -Да. Јас сум Златан. Па знаеш што Златан, верувај ми, ти си никој. Даваш малку голови така што со твојот стил на игра може да завршиш во некој циркус. А тој ми одговори: Ако давав малку голови, немаше да ме продаде ни мајка ми. Златан секогаш имаше спремен одговор.“
„Кога се договоривме, што се случи? Мислите дека јадевме суши со авокадо? Нарачавме храна за петмина“, напиша подоцна Златан во својата биографија. Мино во еден момент ми кажа: Ако сакаш да бидам твој менаџер, ќе го продадеш Поршето и ќе купиш Фијат. Потоа ќе го ставиш Ролексот во сефот и ќе купиш обичен часовник. Ќе тренираш како што ќе ти кажам“.
Златан излегол од ресторанот, кратко размислувавл а потоа се вратил и рекол: „Добро, ќе потпишам. -Но ќе правиш како што ти кажав“.
По трансферот на Ибрахимовиќ во Јувентус, Ајакс ја прекинал соработката со Рајола
Последниот ден од преодниот рок во 2004. година, Златан од Ајакс замина во Јувентус за 16 милиони евра. Во рок од само неколку сезони, Мино им сменил клуб и на други ѕвезди на Ајакс, како Максвел и Зденек Григера за кои Ајакс не добил ни денар. Мино претходно ги советувал да не потпишуваат никаков договор за да може да заминат како слободни играчи.
Тоа било доволно за холандските газди да го избркаат Италијанецот. Во 2006. година како резултат на скандалот со корупција во Серија А, во медиумите се појави разговор меѓу Моџи и Рајола за трансферот на Златан уште додека играл во Ајакс. „Нека продолжи да им прави проблеми. Нека ги бојкотира тренинзите“, му рекол Моџи на што Мино одговорил потврдно.
Од тогаш, до денес, Ајакс нема никаква соработка со човекот во Најк маичка и фармерки.
Рајола не му се допаднал на Фергусон уште при првиот поглед
Продажбата на Пол Погба стана најскапата грешка во историјата на Манчестер Јунајтед. Сер Алекс Фергусон смета дека за се бил крив Мино Рајола: „Има двајца агенти на кои ништо не им верував. Еден од нив е Мино Рајола агентот на Погба. Кога го запознав почуствував дека не треба да му верувам.“, пиша Фергусон во автобиографијата пре неколку години.
Рајола му станал агент на Златан Ибрахимовиќ уште додека играл за Ајакс, а потоа ги застапувал и интересите на Погба кој тогаш имал само 18 години.
„Со Пол имавме договор на три години со можност да го продолжиме на уште една. Сакавме да го искористиме тоа, но оддеднаш се појави Рајола и нашата прва средба со него беше права утка. Не успеавме да се договориме. Од тој момент се беше готово затоа што Рајола успеа да му се додвори на Погба и неговото семејство што на крајот доведе до трансфер во Јувентус“.
Мино му одговори на Фергусон во свој стил: „Можеби Фергусон едноставно многу љуби да го слушаат? Не знам што зборува. Тој е голем тренер, но понекогаш прави големи грешки.
Како Рајола го изговара своето презиме?
Еден од најсмешните моменти во автобиографијата на Андреа Пирло е посветен на Мино. Прво Пирло за него велел дека е легенда и агент од светска класа. А потоа пишува: „Рајола би го продал и сопственото име за да заврши зделка. Еднаш еден новинар го прашал како да го изговори неговото презиме, на што Мино му одговорил: Викај ме како сакаш, само плати ми“.
Меѓу него и Мендеш нема ништо посебно
„Мендеш е инвеститор на кој му е само до пари. Јас се фокусирам само на судбината на моите фудбалери. Жозе е егоист а јас алтруист. Мислам само на играчите, Мендеш мисли само на себе. Постојат ситуации во кои клубот нуди 50 милиони евра за играч, а за мене 100.000 евра. А друг клуб дава 10 милиони евра и пет пати поголема плата за играчот. Секогаш ќе ја одберам втората опција. Не ми е важно дали ќе добијам, 25 милиони евра од трансферот или 5. Тоа е разликата меѓу мене и Мендеш. Јас сум на север, тој е на југ“, вели Мино за најмоќниот светски менаџер.
Мино патува 300 дена во годината
Пред една недела Мино потрошил 7 милиони фунти за вила во Мајами, истата онаа во која некогаш живеел Ал Капоне. Покрај тоа, има куќа во Монте Карло, веднаш до најголемото казино. Но според него, тој најмалку време поминал со жената и двете деца.
„Дома сум максимум 56 дена во годината. Постојат агенти кој стојат пред телевизор и договараат преку телефон. Не сакам така. Морам да зборувам со луѓето на лице место. Сакам да знам што мислат тренерите, претседателите, жените на играчите. Добриот трансфер е како брак. Јас не работам на пазарот. Јас имам свој пазар“.