Offside

Малкумина знаеја, а уште помалку можеа да претпостават дека на теренот во Жилче тренира еден од најголемите фудбалски асови на денешницата.

Свештеникот кој стана професионален боксер за да спасува

Кога младинскиот центар на Отец Дејв Смит бил пред затворање, тој сфатил дека треба да стори нешто. Станал професионален боксер со цел да заработи доволно пари, за да го сочува центарот за лекување на зависници од дрога.

Малериозниот Салцбург во слепа улица

После поразот од Динамо Загреб (1:2) во продолженијата, австрискиот Салцбург деветти пат по ред испадна од квалификациите за Лига на шампионите. Германецот Крамер влезе четврти пат во ЛШ за 15 месеци.

Како Конте ги решава проблемите на Челси

Во својот престој во Јувентус, Конте често со бодликав стап знаел да ги опоменува играчите кои не трчаат на тренинзите. Од Челси сака да направи компактна екипа која ќе го игра најдобриот пресинг во Европа.

САД казни фудбалерка која ги нарече Швеѓанките кукавици

Најпознатата американска фудбалерка и долгогодишен капитен на оваа селекција, голманката Хоуп Соло е суспендирана на шест месеци поради навреда на противничките на Олимписките Игри во Рио.

Го паметите ли Амаури?

Некогашниот италијански репрезентативец кој им ги кинеше живците на навивачите на Јувентус и Парма, во моментов игра за тимот Форт Лодердејл Страјкерс во САД. На мечот против Отава Фјури постигна фантастичен погодок, чисто колку да слушнеме каде игра.

Водич низ сите олимписки спортови

Олимписките игри се интересни не само за гледање, туку и за проучување, а истовремено колку се брилијантни, толку се и тажни затоа што олимпијците секојдневно, цели четири години се спремаат за Игрите вежбајќи една иста работа.

32 изведени пенали за израмнување рекорд во Англија

Во англискиот Лига Куп, на Дерби и на Карлајл им требаа дури 32 пенали за да го одлучат патникот во следната рунда.

Нема спас кога ветрот е асистент на голот

Во квалификацискиот меч од Емирејтс ФА Купот меѓу Дмесмид таун и Гуеренси кој заврши 2:2, падна еден од најчудните голови во последните години.

Шкотскиот Синиша постигна три евро гола

Том Хенлон игра десен бек за шестолигашот Полок  Џуниор од Шкотска. На мечот против Нилстон постигна три неверојатни гола и стана наследник на Синиша Михајловиќ чии три гола од слободен удар во дресот на Лацио се незаборавни.

Врти, сучи, не можат со неа никако

Иронијата на привилегираните атлети со нивните нутриционисти, физиотерапевти и спортски психолози оди до таму што тие покажуваат со прст кон оние кои се непобедливи  и измислуваат приказни за нив.

Од пола терен еврогол во агол

На синоќешниот меч од Лига Купот, Шон Вилијамс од Милвол на неверојатен начин го израмни резултатот во дербито против Нотингем.

Етиопиецот не се вратил дома, ќе бара азил во САД

И покрај гаранциите од етиопските власти дека на бунтовниот сребрен медал од Рио „нема да му фали ниту влакно од глава“ кога ќе си дојде дома, маратонецот Фејиса Лилеса уште не се вратил во Етиопија.

Е мој Жервињо

Некогашниот фудбалер на Рома, Арсенал и репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, Жервињо кој сега игра во Чајна Хебеј Форчун на мечот против Хенан Џијанје грубијански стартуваше врз противнички фудбалер во 83. минута и доби диркетен црвен картон.

Голови на неделата во Англија, Италија, Шпанија и Франција

По Олимписките игри, се враќаме во ТОП 4 лигите во Европа и најубавите голови од изминатиот викенд. Паѓаа евроголови со глава, од слободен удар, од далечина.

25 години од дебито на Шумахер во Формула 1

Кога првпат седнал во болид на тестови на патеката во Белгија, конструкторите останале со отворена уста како е можно малиот толку лудо да вози. После два дена излегол со велосипед добро да ја проучи патеката каде се возела трката.

Дамата од Холандија, нејзиниот коњ и тешката одлука

Уште од првите Игри во историјата, старите Грци имале повеќе натпреварувања во кои учествувале човекот и коњот. Такви натпреварувања има и сега, а на едно од нив, во Рио де Жанеиро е виден момент на голема љубов. 

Јапонија бара од граѓаните да донираат смартфони за да прави медали

Јапонскиот сајт Nikkei објави дека државата упатила апел до граѓаните, да ги донираат своите смартфони кои не ги користат, со цел да се направат квалитетни Олимписки медали за Игрите во Токио 2020. година.

Моќно претставување на играчите на Јуве пред мечот

Со НБА шоу, Јувентус реши да ја отвори сезоната и првото коло со Фиорентина. Играчите беа најавувани спектакуларно.

Магичните додавања на Теодосиќ

Селекторот на САД, Мајк Кшишевски неколку пати повтори дека најдобар плејмејкер во Европа е кошаркарот на ЦСКА Москва, Милош Теодосиќ кој беше најзаслужен што неговата репрезентација го освои сребрениот медал на ОИ во Рио.

Џон Оливер за Рајан Лохти

Ај што американските медиуми го тролаат за неговото ниско IQ, туку сега и спонзорите (Спидо и Ралф Лорен) решија да ги раскинат богатите спонзорски договори со него, откако се откри дека Лохти лажел за вооружениот грабеж на бензиска пумпа во Бразил каде со колегите пливачи скршиле неколку писоари и вратата од тоалетот.

Најдобрите фотографии од Рио

Една Олимпијада - два света: огномет на Маракана и сиромашни фавели. Во Рио успешно завршија Олимписките Игри а прогласени се и најдобрите фотографии од натпреварувањата во различни спортови.

Навивачите на Селтик спремни да се борат за Палестина

На мечот од плејофот за ЛШ меѓу Селтик и израелскиот Хапоел Бер Шева, домашните навивачи развиорија преку стотина палестински знамиња во знак на поддршка на палестинскиот народ во борбата за своите права. УЕФА спрема тешка парична пазна, но на Шкотланѓаните не им е гајле.

Совршените центаршутеви на Александар Коларов

И покрај тоа што Пеп го стави на стоперската позиција, Коларов и натаму го влече топка напред, а омилен сегмент од играта му е центаршутот.

Серија А за гурмани

Општ заклучок на стручните коментатори на италијанскиот фудбал е дека Јувентус ќе биде прв, а другите да се наредат како им е волја. Но Старата Дама повеќе мисли на Европа и тоа би можело да ги чини дома како што им се случувало во минатото.