Идејата не е нималку смешна како што на прв поглед звучи: Смартфоните содржат злато, сребро и бакар и можат да се рециклираат за производство на медали, иако во мала количина. Јапонија сериозно размислува да ги искористи овие метали во изработката на најпознатите медали во светот на спортот.
Тоа би значело дека земјата нема да има потреба од нови метали, особено затоа што 16% од светското злато и 22% од светското сребро во моментов се наоѓа во целокупната јапонска технологија. Организаторите на Игрите 2020 побарале од јапонските фирми да смислат идеи за полесно рециклирање на смартфоните кои не се користат и на тој начин да ги окуражат граѓаните да донираат.
Според статистиката, Јапонците нема да имаат проблем да го изведат ова, затоа што за производството на медали за ОИ во Лондон 2012 се потрошиле околу 9,6 кг злато, околу 710 кг сребро и преку 1,3 тони бакар од кој се произведува бронзата.
Во Јапонија во 2014. година се добило 143 килограми злато, преку 1,5 тони сребро и неверојатни 1.112 тони бронза добиени со рециклажа на мобилни телефони (смартфони). Јапонците фрлаат околу 650.000 тони електронски апарати на годишно ниво, додека 100.000 тони се користи во производсто на нови апарати.
Што се однесува до самите игри, Токио веќе бил домаќин на Летни Олимписки Игри во 1964. година, а во Јапонија се одржуваа и Зимски Олимписки Игри во 1972. година во Сапоро и 1998. година во Наган. Јапонскиот Олимписки Комитет сакал за организација на Игрите да го предложи градот Хирошима, но одлуката е сменета поради слабата поддршка од јавноста во тој град.
Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, кој се појави на затворањето на Игрите во Рио и ги најави оние во Токио даде гаранции дека ситуацијата со оштетената нуклеарна централа во Фукушима е под контрола.