Чудна вечер во англискиот Лига Куп синоќа. По неверојатниот гол од половина терен во Милвол и сензационалното испаѓање на Ватфорд, Дерби и Карлајл се изморија од шутирање пенали синоќа.
Мечот после продолженијата заврши 1:1 (два евроголови) и се прејде на пенали. И двата тима не реализираа во четвртиот и осмиот обид. Потоа голманите само ја вадеа топката од мрежата на стадионот Ајпро, сè до парадата на голманот на Дерби, Карсон во 16-от пенал, изведен од МекКи од четрвтолигашот Карлајл.
Следниот пенал реализиран од Елсник значеше и големо славје за домаќините кои победија 15-14 на пенали. Вкупно 32 изведен пенали значеа и израмнување на рекордот кога Сканптроп Јунајтед го победи Ворчестер Сити во третото коло од ФА Купот во 2014. година.
Скратена верзија од хајлајтсот и пеналите:
Минатата недела, во мечот од Чемпионшип меѓу Блекбурн и Кардиф, Ирецот Шејн Дафи беше апсолутен „херој“ со два автоголови. По 3-3 на крајот од 90-те минути, бекот роден 1992. година, конечно ја погоди правата мрежа за победа на неговата екипа. Во последните пет меча овој играч има 3 автоголови, 2 гола и едно исклучување. Дафи им донесе голема радост на спортските коментатори.