Адриан Игнацио Карамбула е роден во 1988. година во Монтевидео. Со семејството се сели на Флорида како тинејџер, а решава да игра одбојка на плажа за Италија од каде потекнувал неговиот дедо. Карамбула настапуваше и на Олимписките Игри во Рио летово а светот го запозна преку неговиот крајно луд сервис.
Карамбула и неговиот соиграч Алекс Рангиери во моментов се треторангирани во светот. Сервисот на Карамбула познат како Скајбол е уникатен и понекогаш оди и до 30 метри во висина. Го изведува само тој и ниту еден друг играч.