Крвта не е вода и во случајот на Франческо Тоти, чијшто син ја освоил наградата за најдобар стрелец на 27. издание на фудбалскиот турнир за деца. Него од трибините го бодреле мајка му Илари и сестрите Шанел и Изабел.
Малиот Кристијан не само што бил најдобар стрелец, туку во неколку наврати покажал дека го наследил талентот на татко му. Видеата со неговите голови станаа хит меѓу навивачите на Рома кои веруваат дека Кристијан е правиот наследник на нивниот идол.
Првите фудбалски чекори Кристијан Тоти ги направил на плажата Сабаудиа кога како прво дете на Франческо ги воодушевувал присутните.
„Дури и оние кои не знаеа дека му е син на капитенот на Рома велеа дека малиот по многу нешта се разликува од останатите деца. Секако дека е многу рано да се зборува за професионален фудбал, Кристијан е дете, но ако денот по утрото се познава, тогаш Рома во иднина би можела да има сериозен напаѓач“, изјавил еден пријател на Тоти кој го следел турнирот.
Што се однесува до Франческо, тој го продолжи договорот со Рома и актуелната сезона веројатно ќе му биде последно во единствениот дрес што го носеше во кариерата. Римскиот клуб испадна од плејофот за Лигата на шампионите и ќе игра во Лигата на Европа.