Offside

Џани Инфантино планира да основа компанија FIFA Forward Enterprise (FFE) која ќе управува со Светските првенства и да ги продава нејзините акции. На ваквите шокантни сознанија бурно реагираше УЕФА која вели дека во тој случај европските репрезентации ќе ги бојкотираат Мундијалите.

Еве сум, јас гаѓам со бакљи

Хулиганите кои го планирале инцидентот на мечот Хрватска - Чешка прво ги видовме маскирани во шума, а сега еве и еден момак од близу на стадион кој е дел од бандата, се пофали да го видиме.

Исланд си постигна автогол во 88-ма и испушти осминафинале

Со голот на Сигурдсон во 40 минута од пенал, селекцијата на Исланд имаше минимално водство кое ќе им обезбедеше историски пласман во нокаут фазата, но Биркир Севарсон во обид да расчисти една топка ја пикна во гол. Вака Унгарците се блиску до осминафинале.

Казни од 860.000 евра за Хрватите

УЕФА во понеделник ќе се произнесе околу казните кои ќе ги добие хрватскиот фудбалски сојуз за инцидетите на мечот Хрватска - Чешка. Со таа парична казна се очекува да заокружат износ во висина од милион евра кои ги исплатиле поради бељите на нивните навивачи.

Кога ќе научиме ние вака да додаваме

Што сè му претходеше на третиот гол на Шпанија против Турција. Најсвеж пример на тики така играта. Оди па земи им ја.

Белгија ја збриша Ирска

Со двата гола на Лукаку и погодокот на Витсел, селекцијата на Белгија стигна до првиот триумф на ЕП 2016 со кој се доближи до осминафиналето. Во третото коло ќе имаат директен дуел со Шведска за втората позиција во групата

Видео од тепачката меѓу Хрватите

Официјално одговорност не презедоа ниту Бед Блу Бојс, ниту Торцида, иако уште пред почетокот нивни членови најавуваа голема борба на секое поле против врхушката во хрватскиот фудбал. Оние кои немаа таква намера, вчера реагираа на фрлањето бакљи во терен од поединци и започна тепачка.

Хрватската влада заседава поради хулиганските нереди

Нередите на стадиинот во Сент Етјен започнаа во моментот кога се запали и на терен се фрли првата бакља. Набрзо следуваше и топовски удар од кој настрада еден од работниците на теренот кој одлета неколку метри.

15 хрватски хулигани го испланирале прекинот за кој знаеле во федерацијата

Хрватската фудбалска федерација нема да биде исфрлена од ЕП 2016, но ќе биде казнета. Зад вчерашниот инцидент во Сент Етјен стојат навивачите на Хајдук и Динамо Загреб чии планови биле да гаѓаат од повеќе места.

Фатих Терим збесна

Турската репрезентација одигра два меча и прими четири гола а не даде ниту еден. Бледата игра го изнервира легендарниот турски селектор кој вриеше од нервоза.

Шпанија зема залет, Нолито и Мората решетаат

Вториот меч од групата Д заврши со убедлив триумф на Црвената фурија над Турција со 3:0. Шпанците им се придружија на Италијанците и Французите во осминафиналето.

Пенал за Чешка во 93-та за реми против Хрватска

Дури во 20-от натпревар на Европското првенство во Франција паднаа повеќе од 3 гола. Хрватска со головите на Перишиќ и Ракитиќ имаше победа за осминафинале, но Чесите се изборија за драматичен финиш и во последните 15 минута израмнија на 2:2.

Како се загрева Рашфорд

Талентот на Манчестер Јунајтед вчера му го сруши рекордот на Руни. Неговиот постар клупски колега дебитираше за Англија на ЕП 2004 со 18 години и 234 дена, а Маркус Рашфорд влезе против Велс во второ полувреме со 18 години и 229 дена. 

Италија е осминафиналист

Италијанскиот напаѓач Едер од Интер кој има бразилско потекло, ги однесе Азурите во нокаут фазата на Европското првенство со гол во 88 минута. Златан Ибрахимовиќ се изрезили пред гол, а потоа судијата свирна офсајд.

Германија и Полска за првата нула без голови на Европското

Германија и Полска одиграа 0:0 во второто коло од групата Ц и освоија по бод кои веројатно ќе значи осминафинале и за двете репрезентации.

Историски прв триумф за Северна Ирска

По тешки услови поради град на новиот стадион во Лион, Северна Ирска ја забележа својата прва победа на едно Европско првенство откако со 2:0 ја совлада бледата Украина.

Недосуден пенал за Гордиот Албион

Англичаните се изнамачија и на вториот меч на ова Европско и за малку може да останат со уште реми и без пласман во нокаут фазата, но доколку судијата покажеше од белата точка при оваа ситуација први ќе поведеа.

Англија ја доби островската битка во судиското продолжение

Фудбалерите на Англија и Велс ни приредија нова возбудлива епизода од ЕП 2016 која беше решена во 92 минута. Втор гол на Бејл на ЕП, втора мајсторија од слободен удар на што одговорија резервистите на Хоџсон, Џејми Варди и Даниел Стариџ.

Другата страна од медалот на Јоаким Лев

Светската јавност со право се згрози од однесувањето на Јоаким Лев, актуелниот светски шампион со Германија и селектор на оваа репрезентација со која уште вечерва може да се пласира во осминафиналето на ЕП 2016.

Турска серија за време на Европското

Ако некој може да те изнервира дома додека тимот ти губи се знае кој е тој. Ама ова е еден жив пример каде жената живците му ги кине на мажот кој и онака му се многу слаби. Тој сака да гледа фудбал, таа му смета и потоа го ремети до даска и му го гаси телевизорот со мобилен додека Турција губи 1:0 од Хрватска. Мора до крај да го гледате.

Французинот кој не ја пееше француската химна

Во шампионската генерација на Франција која го освои СП 1998 и ЕП 2000 имаше еден малку подзаборавен лик од среден ред, кој играше во Сервет, а се прослави во Реал Мадрид. Вака не беше некој лепотан, ама успеа да ја фати жената со најдолгите нозе на планетава. 

Ја сакаме својата земја, горди сме на неа и ќе ја браниме

Британските таблоиди за главен виновник за нередите во Марсеј го означија 37-годишниот татко на четири деца од Москва. Василиј Степанов знае за тоа, но Европското го гледа од предградие на Москва од каде раскажа што мисли за инцидентите.

Барса пак го доби Реал со кош во последна секунда

Во првиот меч од финалната серија на шпанската лига, Барселона и Реал Мадрид многу пати се менуваа во водство, за да во последната секунда Стратос Перпероглу на додавање на Наваро го постигне победничкиот кош. Ова е петто финале по ред меѓу овие два тима кои наизменично ја освојуваа титулата.

Видео селфи од соблекувалната на Македонија

По Мундијалите во 1999, 2009, 2013 и 2015, ракометарите го заверија и петтото учество на Светските првенства кое го залеаа со пиво. Лино и Живко во друштво на ракометарите за лудница во соблекувалната по мечот со Чешка.