Боровје е кварт со станбени згради оддалечен од центарот на Загреб. Се живее мирно и католиците и муслиманите заедно играат фудбал. Тука е роден и растен Марко Пјаца, чудото од дете кое замина во странство. Имал детство на улица каде се одвивале долгите дружби со другарите.
„Кога игравме фудбал сите го сакаа од своја. Беше најтежок за чување. Понекогаш игравме некои игри и се кладевме на сладолед. Викаше дека може да ја погоди пречката од половина терен 20 пати и се изнајаде сладолед“, раскажува еден од неговите другари од детството.
На ѕидовите од зградите се чита името на Динамо Загреб, клубот каде заигра на 9 години и од каде летово направи трансфер во Јувентус, клубот со кој вечерва гостува токму на Максимир во Лигата на шампионите.
Во Боровје сите го знаат Марко, односно сите се знаат меѓусебе. Ако прашате нешто за него може веднаш да ви раскажат некоја анегдота. Кога неодамна бил со селекцијата на Хрватска во Загреб за да се спремаат за натпревар, скокнал со едно кафуле кое се наоѓа токму во зградата каде живеат неговите родителите за да ги ѕирне на кратко.
Кога се видел со келнерот кој му бил другар му се извинил учтиво дека не смее да шета лево десно и мора да остане со неговите. Тука сите зборуваат за него, а во основно училиште го паметат дека постојано бил со топка во раце.
На овие простори има и џамија, единствена во Загреб и најголема во Хрватска. На два чекори се наоѓа Нур, фудбалски клуб од арапската заедница и потоа тука е Зет, загрепскиот електричен трамвај. Еден од работниците со пиво во рака раскажува што остана од тревата каде трчаше малиот Марко.
Тука беше фудбалскиот почеток на Пјаца од каде потоа се приклучи во Динамо.
„Одлични се новите играчи на Јувентус, но Марко е единствен“, дофрла еден од работниците.
Во Динамо Загреб прв тренер му бил Зоран Јоксовиќ кој го тренирал од 2006-та до 2008-ма и му биле потребни само 5 минути за да му ја даде капитенската лента.
„Беше најдобар играч, капитен и најдобар стрелец и генерално беше дете за пример. Слушаше, разбираше и не им одговараше на тие што се авторитет. Тоа го научи дома. Тоа што многу го ценев кај него е што никогаш не плачеше дури и кога работите не одеа добро“, вели Јоксовиќ
И како на друг начин би го воспитале неговите дома. Мајка му се занимаваше со џудо, а татко му со борење. Потекнува од добро семејство од средна класа. Бил најдобар и на физичко.
„Дали имам фудбалер во клас? Не ми треба друг, го имам Марко“, вели неговиот професор по физичко, Саша Иванишевиќ
„Беше секогаш претпазлив, собираше добри оценки, но скрши многу срца“, се пошегува неговата професорка по италијански Бранка Павлиќ.
Таа смета дека брзо ќе го усоврши италијанскиот и дека ќе достигне светска слава, но смета дека треба да се запише и на факултет. На Марко Пјаца сезонава му престои тежок испит, а тоа е да се докаже во актуелниот првак на Италија и тоа уште од вечерва кога заедно со него ќе биде возбуден пола Загреб.