Почетоците на Ерик Ламела

Откако на 7 години станал дел од младинскиот погон на Ривер Плејт, малиот талент од Буенос Аирес добил понуда од Барселона вредна 100.000 фунти годишно, куќа и вработување за неговите родители, слични услови како што добил Меси. Но тој останал на свој терен и го привлекол вниманието со 120 голови.

Во 2009-та ја стартува сениорската кариера во Ривер, игра уште две сезони во Рома и сега веќе четврта сезона е член на Тотенхем. Куса репортажа за него од улиците во Буенос Аирес има тв Trans World Sport каде освен за Ривер и Барселона, зборува и за неговиот идол Марадона и желбата да го стигне неговиот успех со Аргентина.

Инаку во 2004-та играл Сони Плејстејш со Лопез, Неста, Фиоре, Панкаро, Ривалдо, Стам...

 

27 септември 2016 - 14:50