Таг: ерик ламела

Феноменален гол со рабона на Ламела

На градското дерби Арсенал - Тотенхем гостите први поведоа со 0-1 и тоа со неверојатниот гол на Аргентинецот Ерик Ламела. Рабона каква што многу ретко се гледа. Арсенал до полувреме израмни преку Мартин Едегард. Ламела во вториот дел за само 7 минути доби два жолти картони и беше исклучен, а „топџиите“ победија 2-1.

Зошто Ламела од „Градски“ почна да игра со различни копачки

Репрезентативецот на Аргентина и добар другар на Меси, со гол го отвори мечот во Скопје меѓу Шкендија и Тотенхем, а набрзо од клупата побара да му ги сменат копачките. Веќе неколку меча игра со различни. Зошто?

Големи ѕвезди кои нема да играат на Светско

До почетокот на најголемиот настан во спортот, Мундијалот 2018 во Русија, има уште 20-ина дена. Јавноста се занимава со списоците на репрезентациите а голем број ѕверки ќе останат пред телевизор да го гледаат Светското првенство.

Почетоците на Ерик Ламела

Откако на 7 години станал дел од младинскиот погон на Ривер Плејт, малиот талент од Буенос Аирес добил понуда од Барселона вредна 100.000 фунти годишно, куќа и вработување за неговите родители, слични услови како што добил Меси. Но тој останал на свој терен и го привлекол вниманието со 120 голови.

Ламела си поигра со атлетичар

Тотенхем замина на турнеја во Австралија, а на триковите на Ерик Ламела наседна атлетичарот Џон Стефенсен кој има бронзен медал на 4x400 метри во Атина 2004.

Продај го Елвис Присли и купи ги Битлси

Седумте играчи кои Тотенхем ги купи со парите од продажбата на Герет Бејл не го оправдаа вложеното во нив. По слабите резултати на удар е тренерот Маурицио Покетино, а навивачите ги криват претседателот Леви и спортскиот директор Балдини.

Историјата на Рабона потегот

Голот на Ерик Ламела за Тотенхем против Астерас во ЛЕ ги наполни медиумите кои го величаа Аргентинецот, а пред него потегот го користеа Пеле, Роналдо, Ди Марија...

Банди киднапери ловат семејства на фудбалери

Грабнувањето на родителите и блиските роднини на познатите фудбалери најчесто се случува во опасните аргентински и бразилски квартови, каде целта на киднаперите е да чепнат во нивните милионски сметки преку уцени за нивно ослободување.

Залудно потрошени англиски пари во Серија А

Премиер лигата не е место за фризури и паради, таму се игра брз и агресивен фудбал со збиен календар во кој нема одмор ниту за празници. Во првиот дел од сезоната тројца напаѓачи од италијанското првенство целосно потфрлија, а за нив отидоа јабана над 70 милиони евра.