Неколку туристички агенции од Македонија во аранжманот карта и превоз за мечот Динамо Загреб - Јувентус сосема несвесно нудеа карти и за трибината на која седат најзагреаните навивачи на „Модрите“ без притоа да размислат дека некој со навивачки реквизит на Јувентус би можел да настрада. Откако Бојси решија да го прекинат бојкотот и да се вратат на својата трибина за дуелот против Јуве, јасно беше дека во Загреб полицијата ќе има многу работа.
Попладнево во главниот град на Хрватска пристигнале околу 1.500 Италијанци, а Јувентус на Максимир го бодрат и многу навивачи на „Старата дама“ од регионов.
Во текот на денот имало неколку судири меѓу навивачите на двата тима, а најжестоко било на трамвајската постојка во населбата Боронгај. Тепачката траела неколку минути пред да дојде полицијата која ги раздвоила двете групи. Во судирот имало и неколку повредени, пишува Индекс.хр.
Од тој момент полицијата ги заградила навивачите на Јувентус и ги допратила до Јужната трибина на Максимир каде се наоѓа гостинскиот сектор. На полувремето од мечот Јувентус води со 0:2.
„Околу 50-ина навивачи на Динамо Загреб без никаква потреба и повод нападнаа гостински навивачи на Јувентус, а последиците ги видовте и сами“, изјавил за Јутарњи лист, Јордан од Македонија кој отпатувал во Загреб да ги гледа Бјанконерите.
https://www.facebook.com/sport.index.hr/videos/1754215918163027/
https://www.facebook.com/sport.index.hr/videos/1754220478162571/