Offside

Ваков дуел немало и тешко дека ќе има. Ризично по живот.

Како се работи во Академијата на Милан

Да се биде член на академијата на Милан не значи само изучување фудбалски вештини. Во институцијава децата учат како да бидат добри, воспитани, образувани на и надвор од теренот. За принципот на работа зборува Филипо Гали, директор на Академијата.

Навивачот кој спаси живот пред Олд Трафорд

Од 75.325 души кои гледаа како Манчестер Јунајтед не може да му даде гол на Барнли ниту од вкупно 37 удари, попушти срцето на еден кој по мечот добил напад. Навивачите немаа среќа да се израдуваат на победа, но најголема среќа имаше овој навивач кој доби докторска помош од друг навивач на Јунајтед. По херојот имаше потрага, а откако го пронајдоа двајцата навивачи се сретнаа и заедно отидоа на стадион. Приказната ја објавија од клубот.

Хофенхајм го нашол Фирмино на Фудбал Менаџер

Еден од најдобрите бразилски фудбалери на денешницата, Роберто Фирмино во Европа дојде прво во Германија каде скаут на Хофенхајм го нашол преку видео играта Фудбал Менаџер.

Фудбалот за некои играчи е спасител на животот

Знаете ли дека Менез има украдено мотор, Жервињо не можел да најде работа, Медел за малку ќе станел дилер на дрога, а Милик на 6 години пушел цигари и бил лопов? Некои фудбалери кои прават милиони порано немале ни за леб. На кусо за нивното минато.

Бегалец од Сирија на добар пат да стане судија во Бундеслига

Речиси после една година нов живот во Германија, бегалецот од Сирија Амар Шахар е на добар пат да го оствари сонот и да ја дели правдата во елитната германска Бундеслига.

Какво играчиште беше Пол Сколс

Ќе речат е добро де не е страшно што промаши, не е шпиц. Епа и Пол Сколс не беше шпиц, па гледајте што правеше за Манчестер. На негова позиција сега игра еден дечко кој чини 105 милиони евра од кого сè уште го чекаме блесокот.

Кои екипи од Италија и Германија не слушнале за втора лига

Знаат навивачите да се чачнат на тема: А твојот клуб колку пати има играно во втора лига? Мојот никогаш. Таа привилегија во дебата за фудбал ја имаат фанови на само две екипи од Серија А и Бундеслигата.

Голманот кој излуде 75.325 души на „Олд Трафорд“

Веднаш по мечот Јунајтед - Барнли (0:0) кој Мурињо не може да го прежали затоа што неговите имаа дури 37 шута од кои 11 во рамките на голот, Шмајхел твитна дека гостинскиот голман е еден од најдобрите во историјата. Кој е Том Хитон?

Дечки се ближи викенд

Ако имате работни обврски, особено во сабота, побарајте слободен ден бидејќи викендов не е за потценување.

Гранит супериорен во дуелот со Раде Кончар

Лукоил и Гранит славеа убедливо во третиот ден од 7. коло во Бизнис лигата на Македонија, а до бодови стигна и Македонски Телеком.

Малиот ултрас што оди сам на гостувања

Необична слика стигнува од швајцарските второлигашки стадиони каде од сезонава игра и Цирих кој лани сензационално испадна од првата лига. На дуелот Цирих - Ле Мон, гостите ги бодреше едно дете кое само мести знаме, чука на тапан и навива.

Гиф на денот за кој бараме објаснување

Во неможност да откриеме кои се овие и каде се случило ова, го објавуваме гифот на денот и остануваме полни со прашалници со тронка надеж дека можеби ова е монтажа.

Спиеш ли мирно Рикардињо?

Ако некого ќе треба да запаметиме од фустал лигите во Италија, тоа е Фасундо Галинанес. Се работи за Аргентинец кој игра во Серија Ц и кој покажа дека во италијанската трета лига може да се видат потези за кои се интересирале да ги погледат Факлао и Рикардињо.

Респектот на Џиџи Буфон кон химните

Легендарниот италијански голман на кој формата не му паѓа две децении, секоја недела прави по нешто со кое си ја засилува репутацијата и покажува каква величина од човек е.

Спортски-урбан стил со adidas Cloudfoam Race

Во склад со топлите есенски бои adidas Neo оваа есен само за Вас го претставува новиот модел на патики со кои ќе доживеете љубов на прв поглед

Сите 50 голови на Нејмар за Бразил

На само 24 години фудбалер да стигне до 50 голови за селекцијата на Бразил тогаш тоа е знак дека ќе се брка рекордерот Пеле. Како тргна Нејмар веројатно дека го може тоа, а зошто и да не може кога не е стигнат ни до половина од кариерата.

Румениге пак се закача со Сан Марино

Очигледно дека одговорот кој цела Европа го дочека со аплауз не им беше доволен, па работниците во германскиот фудбал пак се фатија за Сан Марино.

Се повлече сивата тренерка, Кираји заврши со репрезентацијата

Иако никогаш не важеше за голман од светска класа, Унгарецот Габор Кираји ќе остане запаметен од фудбалските романтичари пред сè поради тоа што никогаш не се двоеше од сивите тренерки.

Зошто е Чичарито најценет фудбалер во Германија

Ем се изнадава голови, ем Мексиканците како луди нарачуваат дресови и шалови од Баер Леверкузен. Хави Ернандез Чичарито е лекот кој „Аспиринџиите“ го користат за лечење на навивачката депресија. Сакаат и да ја прошират фан базата.

Нека гледа Европа со каква статистика стартуваше Несторовски во Италија

Оставете ги настрана Меси, Роналдо, Нејмар, Ибра, Левандовски и компанија. Имиња за кои нема место во друштвото на нашиот Илија, бидејќи статистичарите извадија податок до кој тие не можат да стигнат во моментов, а ние се гордееме.

Шпанците се укочија во соблекувалната на Вембли

По тоа со кофите кога цел свет се истураше со грч ладна вода, се појави нова мода по име Mannequin Challenge, а се состои во тоа да бидеш здрвен додека те снимаат. На синоќешниот пријателски дуел меѓу Англија и Шпанија кој заврши 2:2, Варди даде гол по 937 минути пауза за клуб и репрезентација и со колегите на тој начин го прославија голот. Потоа возвратија и гостите.

Ирските навивачи и Јирген Клоп во метро

Пред мечот Австрија - Ирска (0:1), во едно метро во Виена, ирските навивачи среќаваат човек кој многу личи на Јирген Клоп и тука почнува шоуто.

Толку од Батигол, Меси здиве против Колумбија и се искачи на тронот

По пауза од 14 години, селекцијата на Аргентина го доби новиот лидер на листата на стрелците. Се вика Лионел Меси кој на мечот против Колумбија се покажа во едно од најдобрите свои изданија во репрезентативниот дрес.

Ведат Арслан со гол во последната секунда му донесе победа на Рамстор

Во вториот ден од 7. коло во Бизнис лигата на Македонија бодовите ги собраа Уника, Систина и Рамстор.