Филипо Гали никогаш не бил ѕвезда, но секогаш бил опкружен од ѕвезди. За 13 сезони во составот на Милан соиграчи му биле ван Бастен и Гулит, Барези и Костакурта, Рајкард и Тасоти, Мадлини и Веа. На крајот, работел и со Саки и Капело.
Во такво друштво скромниот Филипо ја доживеал славата на големиот Милан во првата половина на ’90-те - екипа која што за шест години освои две скудета и една Лига на шампиони. Гали ја заврши кариерата во 2004. година, некое време работеше во стручниот штаб на Милан а денес веќе седма година по ред ја води Академијата на „Росонерите“.
На оние неупатените им се чини дека во секоја Академија методите на работа се исти. Може ли да наведете некои особини според кој Академијата на Милан се разликува од многу други?
- Мислам дека за разлика од другите колеги имаме многу повисок степен на колективизам во работата. На пример еден денес прави анализа на натпреварите на сите тимови од Академијата, утре друг, затуре некој трет и така. Се собираме сите тренери и ги гледаме снимките.
Истото важи и за новите методи на тренинзи. На пример некој од тренерите ќе измисли нешто и ќе предложи. Потоа сите тренери го имаат овој метод на работа, учествуваат сите играчи и на крајот, пак заедно одлучуваме дали е добро за нашата Академија или не.
Кога ги гледате сите јуниори, на што најмногу обрнувате внимание пред сè? И каков стил на игра имаат вашите младински екипи?
- Кога се работи за сосема мали деца, прво е потребно да се види тоа што подоцна го викаме техника, контрола на топка. Понекогаш од прв допир може да дознаеме многу. А вториот - многу е важно детето да сака фудбал, да се радува на играта.
Што се однесува до стилот на игра, настојуваме на поголема ефективност во ефикасноста. Се се заснива на контрола на топката, тоа е основа на сите основи. Топката мора да биде во нас, ако ја изгубиме мора да ја вратиме во рок од 5-6 секунди. Играта почнува од одбраната, но голманот е должен добро да игра со нозе, стоперите се должни да дадат добар прв пас, должни се бистро да го почнат нападот. Бековите играат вдолж целиот терен, од напред кон назад.
Играчите групно напаѓаат со висок пресинг, брзина, страст, храброст. Ова е играта која што се обидуваме да ја спроведеме во дело.
Каква е состојбата во вашата Академија и колку ви е годишниот буџет?
- Во младинскиот состав на Милан во моментов тренираат и играат 14 екипи во возрасна категорија од 8 до 20 години а имаме и три женски екипи. Имаме нешто повеќе од 100 вработени вклучувајќи ги тука тренерите, специјалистите за физичка подготовка, медицинскиот персонал, педагози и скаути којшто се на број 17 луѓе. Што се однесува до трошоците на Академијата, тие изнесуваат од 6 до 7 милиони евра годишно.
Во екипите на вашата Академија има многу странци?
- Сега нема. Пред извесно време се откажавме од странските скаути. Во моментов кај нас тренираат и играат само жители на Италија. Освен тоа, во тимовите до 14 години не можеме да се бираме деца од други региони на Италија, само од Ломбардија. Тоа е поради фактот дека законски е забрането децата до 14 години да бидат одвоени од семејствата. Но над таа возрасна категорија тие можат да остануваат овде и да живеат и да тренираат.
Што доведе до откажување од странците?
- Тоа беше одлука на раководството. Кога се донесе, многу се зборуваше за тоа, затоа што се потенцираше колку е важен локалниот идентитет на клубот, приврзаноста кон својот регион, своите корени. И тоа безусловно е така, но од друга страна за тимовите од Академијата оваа одлука дефинитивно е проблем.
Се испостави дека сами себе си го скративме изборот да бараме перспективни играчи и да ја зголемиме конкуренцијата. Ако некој од конкурентните тимови има играч кој напредува на одредена позиција ние сме во тешка ситуација. Притоа конкурентите продолжија да си работат со странскиот пазар. Интер собира странци, Рома исто, како и Аталанта и Кјево. Поради тоа мислам дека треба да ја вратиме таа пракса.
Кој успех на скаутите го сметате за најголем во последно време? Можеби преминот на 14-годишнот Донарума во Милан?
- Знаете ние со него работевме во Академијата, го брусевме неговиот стил. Но во принцип Донарума уште од најрана возраст беше толку талентиран и паметен и да не го приметувавме тоа требаше да сме слепи.
Него го бараа многумина, па моравме да се избориме за него. Имавме среќа што пред него во системот на Милан тренираше и неговиот постар брат, родителите ги знаеа нашите услови, беа задоволни од нас и во преминот на помалиот Донарума овој фактор одигра многу значајна улога, можеби и одлучувачка.
Што ќе кажете за Хашим Мастур? Толку се зборуваше за него..
- Ќе кажам дека историјата со Мастур е една од нашите најголеми грешки. Толку го воздигнаа, енергично го промовираа по медиумите и по друтшвените мрежи. Менаџерите го притискаа многу за подобар договор на 16 години, практично бараа да го ставиме во првиот тим, ние одбивме и тоа практично доведе до ваков епилог за кој може само да жалиме.
Факт е дека тој не беше елементарно спремен, вештачки доби нешто што не заслужи, го туркавме наместо да расте постепено. И како резултат на тоа сега имаме играч кој е талентиран, но талентот не е фудбал. Тој е како талент жонглер, немаше длабоко разбирање за играта, немаше спремност да работи за тимот.
Маштур сега е на позајмица во Холандија, но и таму не игра. Генерално се потврдува тоа што го реков, мислам дека му треба многу години работа за да го манифестира талентот.
Како ги воспитувате вашите играчи не во фудбал, туку за секојдневниот живот, во човечка смисла. Дали се обидувате да ги заштитите од опасните искушенија кои би ги одвлекле од фудбалот? Манчестер Сити на пример, за цел јакнење на дисциплината неодамна заборави во својата академија да се носат копачки во шарени бои. Имате ли некои рестрикции во начинот на облекување, изглед, тетоважи, обетки?
- Пред се би сакал да кажам дека обрнуваме сериозно внимание на образованието на нашите играчи. Воспитанието и обичното нефудбалско образование. Свесни сме дека нема сите да станат професионални фудбалери што значи дека мора да бидат спремни да се го заработуваат својот леб на некој друг начин, преку друга професија.
Нашите деца учат во редовни школи а ние внимателно ги следиме, така што никој од нив немал проблем со академскиот учинок. Ако дојде до проблем, се занимавме дополнително. Ако проблемите се сериозни мора да прекине со тренинзи и да се врати во школото додека ситуацијата не се поправи.
Ова е прво. Второ е во однос на различните ограничувања. На пример на територијата во тренинг базата им се забранети мобилните телефони и други гаџети. Пред некои четири години бевме зависни од телефоните. Во меѓувреме забранивме на пример фризура ирокези (четка), т.е. не забранивме туку не треба да бидат повисоки од 3-4 сантиметри. Генерално нема јасно дефинирани забрани, но сите го знаат редот.
Во еден момент сфативме дека нешто да се забрани строго не е прав начин. На овој начин не може ништо да се постигне. Мора да разговараме со луѓето да им објасниме што е во ред што не е.
Може ли да дадете конкретен пример?
Да. Неодамна имавме случај еден од нашите играчи направил група на WhatsApp во која што вознемирувале еден друг наш играч. Расно се навредувале па се споменувал дури и Хитлер.
Кога дознавме за тоа, одлучивме да свикаме посебен состанок на кои присуствуваа сите ученици, без разлика дали биле или не инволвирани во овој инцидент. Задолжително присуство побаравме и од нивните родители. Родителите во тоа време излегоа од работа, а децата тој ден го пропуштија тренингот.
VIA: eurosport.ru