Чичарито во Баер Леверкузен дојде пред една година.
Како да се умори од улогата резервист во топ-клубовите и реши да бара поскромна екипа во која ништо нема да го спречи да стане главен играч. Ја најде во Германија.
Главниот тренер на Баер од почетокот не му барал место во тимската игра, Роџер Шмит едноставно му даде слобода на Мексиканецот кој стана ноќен кошмар за голманите. Во првата сезона во Баер, Чичарито даде 17 гола во Бундеслигата и тоа беше една од најдобрите дебитантски сезони во последните 20 години.
„Да, нема никакви тајни. Фудбалерот просто треба да игра и тоа е се. Тоа ми беше нужно. За среќа во Леверкузен имам таква можност“, вели Хавиер во улога на Captain Obvious.
До ноември 2016 година Чичарито постигна 33 гола на 55 меча во Бундеслигата. Ни на сон не помислувал ваков учинок.
Хавиер Ернандез благовремено се појави во Баер. Дојде во моментот кога на Штефан Кислинг не му одеше во обидот да ги излечи од депресија локалните навивачи депримирани од Ангелос Харистеас, Ерен Дердјок, Роби Круз, Јосип Дрмиќ, напаѓачи кои не даваа голови.
Ернандез не само што стана главен напаѓач на Леверкузен - тој заигра така што веќе почнаа да споредуваат со локалната легенда Улф Кирстен, најдобриот бомбардер во историјата на Баер. Кислинг последните пар години гледа фудбал или од болничкиот кревет или од клупата за резерви. И факт е дека малку се забележува неговото отсуство поради тоа што Чичарито игра одлично.
Мексиканецот секако има и недостатоци, но умее да ги сокрие. „Чичарито не победува на сите фронтови кај што учествува, туку само на најважните. Многу луѓе мислат дека овој трансфер го направивме поради маркетинг (Хавиер беше прогласен за најдобар играч во зоната КОНКАКАФ 2015, на Твитер има 7 милиони следбеници, многу повеќе од Милер и Геце заедно), но тоа го зборуваат лаиците. Нам ни се важни головите“.
Летово во предсезоната, тимот на Роџер Шмит отиде во Орландо. Тоа никого не изненадило во Германија, затоа што според податоците од САД (особено во јужните држави), Баер и Чичарито го гледале повеќе луѓе отколку Баерн Минхен.
Во Мексико, преносите на мечевите на Баер по рејтинг се погледани од некои топ емисии и ток-шоуа. Од официјалниот фан-шоп на Леверкузен во Мексико и Јужна Америка за последната година се продале 12.000 дреса на Чичарито со бројот 7. Нарачки уште им стигнувале.
Руди Фелер и другите треба да престанат да го негираат она што е очигледно. Чичарито е грандиозен маркетиншки феномен и што побрзо Баер го користи тоа во своја полза, тоа подобро за него.
За клбуот од град со население од 120.000 жители кој никогаш не ја освоил Бундеслигата, тоа е уникатна можност да привлече неколку десетици илјади навивачи од Новиот Свет и да ја прошири фан-базата. Тоа веќе се случува на друштвените мрежи. Само во првиот ден после потписот на Чичарито за Леверкузен, профилот на Баер на Твитер го заследиле 15.000 Мексиканци.
Газдите на Леверкузен мора да сфатат дека довиле многу повеќе од просто расен стрелец. 30-илјадната „Бај Арена“ речиси никогаш нема да ги стигне сезонските карти на еден Дортмунд чијшто стадион собира 80.000 гледачи. Недостигот од многу навивачи на стадионот, клубот може да го компенсира преку илјадници телевизори (таблети, лап-топи, смартфони) по Гвадалахара, Толука, Орландо или Њу Мексико каде би ги пренесувал средбите.
Сопствениците на овие телевизори наскоро би можеле да станат дел од големата werkself-community. Можеби некој од нив ќе сакаат да го стават Леверкузен на списокот на градови за посета во Европа, да купат некој црвено-црн шал или да им пратат дрес на другарите од Парагвај.
Факт е дека клубот треба да го зголеми аудиториумот. Ако на пример Ливерпул може да ги собере сите фанови на едно место (во Словенија има повеќе од 5.000 членови), тогаш и 40.000 официјално регистрирани членови на Баер би можеле лесно да се вклопат на една „Бај Арена“. Добро, Ливерпул не е баш близок за пример, но во споредба со ривалите од Бундеслига, Баер ја губи војната за лојалност од навивачите. На пример Хамбург има повеќе од 700 фан-клубови ширум светот а Баер има двојно помалку.
Во внатрешноста на Германија, Баер изгледа ги пробал сите варијанти да ги привлече навивачите, но локалниот пазар е многу специфичен. Во Германија како и во Англија се разви локал-патриотизмот, па дури и оние Германци кои се далеку од фудбалот кога ќе им спомнете Баер Леверкузен моментално се асоцираат на: #вечновтор #Neverkusen #пластичнинавивачи.
Но Латиноамериканците се далеку од сето тоа и спремни се да го прифатат клубот таков каков што е затоа што веруваат во супермоќта на сонародникот кој ќе ја тргне долгогодишната клетва и на крајот Баер ќе освој некој трофеј.
Чичарито би можел да му помогне на Баер да освои нови територии како што тоа претходно со Азија се обиде да го направи Сон Хин Мин. Но со Кореецот не било баш сè идеално, бар не според кажувањето на Јохен Ротхаус, маркетинг директорот на Баер:
„Просто кажано, во Јужна Кореа брендот ’Сон Хин Мин’ го победи брендот Баер Леверкузен. Очекувавме сенародната љубов на Сон кон неговата татковина да ни помогне да го промовираме клубот, но се излажавме. На Кореанците им е важен само нивниот сонародник. За сето време додека Сон беше кај нас, во Јужна Кореа не се појави ниту еден фан-клуб на Баер“, вели Ротхаус.
Оваа грешка била добра лекција за Леверкузен.
„Знаеме дека Чичарито нема засекогаш да игра во Баер. Еден ден ќе мора да се поздравиме со него, но сега мора да работиме на имиџот на клубот и да привлечеме што е можно повеќе навивачи. Наша задача е да ги навикнеме навивачите на фразата: ’Знам, Чичарито од Баер Леверкузен’. И ако се одлучи да замине, јас ќе навивам за Баер“.