Таг: чичарито

Нова тешка глупост на Чичарито

Пред само четири дена приреди врвен театар и наместо да се поправи, ја оплеска. Лос Анџелес Галакси имаше пенал во 97-та минута против Канзас и тоа при резултат 2:2. Мексиканскиот напаѓач шутираше за хет-трик и победа, но се посрамоти за сите пари. Инаку токму од пенал израмни во 88-ма минута, но испушти да биде херој.

Врвот на театарската глума го има Чичарито

И покрај тоа што има 34 години и носеше дресови на брендови како Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Хавиер Ернандес кој настапува во МЛС за тимот на Лос Анџелес Галагси, се надмина себе си.

Чичарито да си го наместиш нишанот

Славниот мексикански напаѓач кој заигра во Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, е далеку од стар. Има 33 години и трета сезона го носи дресот на Галакси. Ваква шанса срамота е бек да ја згреши.

Чичарито нема да те сакаат ваков во Галакси уште долго

Мексиканскиот напаѓач, Хавиер Хернандес познат како Чичарито е најплатен играч во МЛС лигата, а за ЛА Галакси игра од јануари и има само еден гол. Во финишот од средбата против Ванкувер требаше да ја реши, а не да ги гаѓа рефлекторите.

Ни Чичарито не е тоа што беше

ЛА Галакси изгуби дома со 1-2 од Портланд во првото коло од рестартот на МЛС, а еден од виновниците за поразот е Хавиер Чичарито Ернандез, мексиканскиот шпиц кој долги години играше во Европа. Чичарито постигна гол во 88' минута ама претходно во 12-та минута утна пенал и уште еден неверојатен зицер.

Чичарито плачеше за време на химната

Мексико го направи најголемото изненадување во досегашниот тек на Светското откако го победи светскиот шампион. Во земјата тотално лудило а пред мечот Чичарито се расплака на интонирање на химната.

Најјакиот хит во англискиот фудбал сезонава

Навивачите на Вест Хем имаат нов идол во Мексиканецот Хавиер Ернандез - Чичарито па му посветија една песна преработена од хитот Ла Бамба.

Комедија на колото во Бундеслигата

Баер Леверкузен и Вердер Бремен одиграа 1:1 во домашното првенство, а за најкомичен момент на колото Германците ја издвојуваат измената во 82 минута кога Чичарито не можеше да се отараса од својот чувар.

Зошто е Чичарито најценет фудбалер во Германија

Ем се изнадава голови, ем Мексиканците како луди нарачуваат дресови и шалови од Баер Леверкузен. Хави Ернандез Чичарито е лекот кој „Аспиринџиите“ го користат за лечење на навивачката депресија. Сакаат и да ја прошират фан базата.

Чичарито се посрамоти на Камп Ноу

Барселона при негатива од 0:1 можеше многу лесно да прими и втор гол од Баер Леверкузен, но новото засилување на германскиот состав реагираше аматерски пред голот на Барса која потоа направи пресврт.

Мексиканска работа

Мексиканецот Хавиер Ернандез Чичарито вчера стана фудбалер на Баер Леверкузен кој за него на Ман. Јунајтед му плати 8,75 милиони евра. Тоа беше причина Мексиканците да навалат врз профилите на Баер.

Како да добиеш шанса, Чичарито?

Манчестер Јунајтед го совлада Клуб Бриж со 0-4 и со вкупни 7-1 се пласираше во Лигата на шампионите. Руни постигна хет-трик, но остана во сенка на катастрофалното издание на Хавиер Ернандез Чичарито кој најпрвин промаши пенал, а потоа и колосална шанса.

Има ли иднина за премиерлигашките азиланти?

Не му тежи само на Манчестер Јунајтед договорот со Нани вреден 17 милиони фунти за чие раскинување Црвените Ѓаволи треба да платат огромно обештетување. Тука се уште и Подолски, Негредо, Чичарито, Салах, Марко Марин и други кои не знаат што ги чека ако се вратат на Островот.

Коментарот на Анри за радувањето на Чичарито

Откако не играше како стартер речиси цела сезона, Мексиканецот го искористи отсуството на Бензема за да го реши дербито против Атлетико Мадрид. Толку се израдува што плачеше на три пати после мечот. Прославата на голот не му се допадна на Анри, кој коментира за Скај спортс дека Чичарито требал да се радува заедно со Роналдо.

Зошто прогнозерите го пцуеа Чичарито?

Мексиканскиот напаѓач им ги искина нервите на сите кои чекаа да го штиклираат Реал Мадрид на тикетите откако ја извади топката од голот на домашните при резултат 1-1.