ЛА Галакси изгуби дома со 1-2 од Портланд во првото коло од рестартот на МЛС, а еден од виновниците за поразот е Хавиер Чичарито Ернандез, мексиканскиот шпиц кој долги години играше во Европа. Чичарито постигна гол во 88' минута ама претходно во 12-та минута утна пенал и уште еден неверојатен зицер.