Има ли иднина за премиерлигашките азиланти?

Не му тежи само на Манчестер Јунајтед договорот со Нани вреден 17 милиони фунти за чие раскинување Црвените Ѓаволи треба да платат огромно обештетување. Тука се уште и Подолски, Негредо, Чичарито, Салах, Марко Марин и други кои не знаат што ги чека ако се вратат на Островот.

НАНИ

По 1-годишна позајмица во Спортинг Лисабон, Португалецот треба да се врати на Олд Трафорд каде го очекува неизвесна иднина. Јунајтед сака да се ослободи од него, но во тоа ги спречува високото обештетување кое би го платиле ако договорот се раскине на штета на фудбалерот. Од Спортинг соопштија дека не можат да си дозволат да му плаќаат 100.000 фуни неделно.

ХАВИЕР ЕРНАНДЕЗ

Напаѓачот на Јунајтед одигра топло-ладно сезонава во Реал Мадрид каде е позајмен од Олд Трафорд. Жалбите и поплаките што цела сезона седеше на клупата на Кралскиот тим ги надомести со голот против Атлетико Мадрид во четвртфиналето од ЛШ. Сака да се врати во Манчестер, иако е извесно дека нема да биде таму на стартот од сезоната во август.

АНХЕЛО ЕНРИКЕЗ

Уште еден фудбалер на Ман. Јунајтед, позајмен во Динамо Загреб, каде постигна 26 голови во сите натпреварувања но веројатно судбината му е таква што нема да заигра на Олд Трафорд поради големата конкуренција во нападот. Сака да остане во Хрватска, во клубот каде капитен е македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

МОХАМЕД САЛАХЕгипетскиот репрезентативец беше најпријатната позајмица во италијанскиот фудбал, откако во јануари од Челси дојде во Фиренца. Нека првотимска иднина во Челси, така што ќе се обиде да потпише со друг клуб летово.

МАРКО МАРИН

Србинот од БиХ кој игра за германската репрезентација од 2012 година смени 3 клуба на позајмица од Челси. Играше за Севиља, па за Фиорентина и во моментов е во Андерлехт кој има опција да го откупи неговиот договор на крај од сезоната.
 

ЛУКАС ПИАЗОНВо 2012 година дојде како голем талент во Челси, но од тогаш до денес одигра само еден официјален меч за Сините. Во моментов игра во Ајнтрахт Франкфурт, а Пиазон изјави дека би сакал Бундеслигашот да го откупи неговиот договор и тој да остане во Германија. Јасно му е дека во Челси нема место за него.

АЛВАРО НЕГРЕДО„Ѕверот“, како што го викаа на Етихад во Манчестер, лошо ја започна 2013-та година затоа што доживеа тешка повреда. Во моментов е на позајмица во Валенсија, во која Сити ќе се обиде да го продаде уште летово. Од друга страна, Негредо изјави дека ќе остане само во случај „Лилјаците“ да обезбедат пласман во ЛШ (во моментов се четврти со бод повеќе од Севиља).

ДИВОК ОРИГИ

Младиот напаѓач е позајмен од Ливерпул во неговиот матичен клуб Лил. Се очекува летово да го облече дресот на Ливерпул, кога од екипата и дефинитивно ќе заминат Марио Балотели, Адам Лалана, Рики Ламберт и Фабио Борини.

ЛУКАС ПОДОЛСКИ

Германскиот репрезентативец беше одвишок на Емирати, по што во јануари Венгер реши да го позајми во Интер. Подолски не блескаше ниту во Италија, напротив редовно седи на клупата за резерви, по што неговата иднина е неизвесна. Веројатно ќе се врати во Бундеслигата.

ЖОЕЛ КЕМБЕЛ

Офанзивното крило од Коста Рика немаше доволно простор во Арсенал, така што замина во Виљареал на позајмица. Договорот со Тобџиите му истекува во 2016. година и сè уште не се знае каде одличниот напаѓач ќе ја продолжи кариерата.

РИО МИЈАЧИЈапонското крило одигра одлично во Твенте, каде Арсенал го позајми и каде Мијачи веројатно ќе остане и по завршувањето на тековната сезона. Договорот со тимот од северен Лондон го врзува до 2016. година.

МИЧУЅвездата на Свонси во неговата прва сезона на Островот минатото лето замина на 1-годишна позајмица во Наполи. И кога сите очекуваа со Игуаин да формираат пеколен тандем, Мичу се повреди и долго време отсуствуваше од теренот. Договорот со Свонси му важи до следното лето 2016-та година, а Наполи соопшти дека нема да го откупува неговиот договор со Свонси.

ПАБЛО ДАНИЕЛ ОСВАЛДО

Џони Деп на европскиот фудбал се скара во секој клуб каде и да играше. Саутемптон го позајми во Интер, каде на сред натпревар го пцуеше Икарди против Јувентус што не му додал. Интер го суспендираше и Освалдо реши да замине во Бока Јуниорс на позајмица од Саутемптон. Премиерлигашот објави дека сигурно ќе го продава Италијанецот со аргентинско потекло.