Алекс Хименез има 21 година, а веќе зад себе има голем број настапи за Милан, Борнмут во Премиер лига и сега во Фиорентина каде што е позајмен. Тој игра десен бек и десно крило. Во неделата против Интер постигна прекрасен еврогол. А домаќините се извадија и со пресврт победија 2-1 со два гола во судиско продолжение, во 90+1' и 90+8'.