Дека Буфон е најгласен кога се интонира химната на Италија тоа е познато, но тој знае најдобро да ги почитува и химните на противниците со што испраќа порака до публиката дека на химна не е културно да се свири.
Италија синоќа во Милано го пречека Светскиот шампион Германија на пријателски дуел, а откако публиката почна да ја свири гостинската химна Џиџи почна силно да аплаудира за да им даде поддршка на колегите.
The San Siro started to 'boo' as the German National Anthem came on.
— ItalianFootballTV (@IFTV_Official) November 16, 2016
Buffon & the rest of Italy applauded to silence the 'boos' #Respect 👏👏 pic.twitter.com/oPpbjYHMaQ
Тоа не му е прв пат. Истото го направи и на средбата со Франција која се одигра во септември по што доби поддршка и од своите соиграчи.
За тој потег доби пофални зборови и од првиот човек на ФИФА.
„Импресиониран сум од тоа што откако некои идиоти почнаа да ја свират химната на Франција, Буфон почна да плеска, а потоа му се придружи цела репрезентација. Тоа е голема победа за цивилизацијата над неукоста и би сакал да му честитам на Буфон. Тој е пример за сите, изјави Џани Инфантино.
На дуелот против Германија Буфон стигна до 167 репрезентативни настапи и се израмни со Икер Касиљас кој беше рекордер по број на настапи во конкуренција на европските голмани.
Аплаузи доби и за гестот на квалификацискиот меч против Лихтенштајн на кој му даде автограм на навивач среде натпревар. Потег кој не го прави секој фудбалер.
Buffon autografa la maglia dell'invasore mentre ancora si gioca #respect #legend #LiechtensteinItalia pic.twitter.com/ktIixfYePp
— delinquentweet (@delinquentweet) November 12, 2016