Синоќешниот пријателски меч меѓу Унгарија и Шведска (0:2) беше 108-ми во репрезентативната кариера на голманот Габор Кираји. Во 29. минута, кога Балаж Меѓери влезе место него, Кираи за последен пат го напушти теренот во дресот на својата земја.
Кираји никогаш во кариерата не беше во редот на светски познатите голмани, но го препознаваа по еден сегмент, сивата тренерка која ја носеше зиме и лете.
„Заминувам среќен, горд и полн со емоции. Цели 18 години бранев за Унгарија и секогаш пружав се од себе. Успеавме да се пласираме на Европско првенство, во Франција одигравме добар фудбал и сега е време за младите голмани. Им благодарам на сите“, рече Кираји за крај.
Кираји за Унгарија дебитираше во 1998. година против соседите од Австрија, а токму против Австријците летово на Европското стана најстариот учесник на ова натпреварување во историјата. Бранеше на 40 години и 74 дена. Неговата голманска кариера започнува во далечната 1993. година во неговиот роден Сомбатеи, во клубот Халадаш. Четири години подоцна замина во странство каде бранеше речиси 18 гоини за Херта, Кристал Палас, Минхен 1860, Астон Вила, Баер Леверкузен и Фулам.
Во татковината се врати лани и планира уште да брани за матичниот Халадаш таму каде што се започна.
Приказната за Кираји тука.