Македонски Телеком со одлично второ полувреме до победа над Сава Осигурување
Македонски Телеком8-5(3-3) Сава Осигурување
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 3’ 37’ 40’ Ивица Вељановски 8’ 11’ 22’ Агрон Пацоли 32’ Душко Симоноски 22’
Сава Осигурување: Данило Апостолоски 5’ 10’ 18’ Коста Глигуровски 36’ 40’
Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на Македонски Телеком и Сава Осигурување, во текот на целото полувреме се играше израмнет фудбал и на двете страни во кој ниедна од екипите не успеа резултатски да се оддели. И двете компании успеаа да постигнап по три гола за реми на полувремето. Во второто полувреме екипата на Македонски Телеком ја певзеде иницијативата и заигра во вистинско светло со што успеа да направи пресврт за победа на овој натпревар од 8-5.
Гранит супериорен во дуелот со Раде Кончар
Гранит 9-2(7-2) Раде Кончар
Гранит: Стефан Тевдовски 2’ 8’ Стеван Митревски 7’ 9’ 20’ 35’ Семир Прентиќ 14’ 18’31’
Раде Кончар: Јане Талевски 3’ Маријан Баждаров 16’
Во текот на целиот натпревар Гранит ја имаше иницијативата во дуелот со Раде Кончар. Уште на самиот почеток екипата на Гранит ја играше својата препознатлива игра која му овозможи прз порток на топка со која имаше течен напад и опасност по голот на Раде Кончар. Екипата на Раде Кончар не можеше да го фати вистинскиот ритам па му дозволи на гранит на полувремето да замине со предност од 7-2, а на крајот да го добие овој натпревар со 9-2.
Во нафташкото дерби Лукоил ја совлада Окта
Лукоил 13-4(7-2) Окта
Лукоил: Марјан Цветковски 4’ 8’ Љупчо Апостоловски 5’ 9’ 21’ Дејан Зиков 8’ 35’ 37’ 40’ Анѓелчо Арсов 17’ Мартин Алаѓозовски 18’ 34’
Окта: Живко Котевски 3’ Шеќо Личина 17’ Драганче Стојановски 22’ 38’
Екипата на Окта одлично го започна овој натпревар и дојде до водство од 0-1, што сигнализираше Лукоил да заигра посериозно во нападот и да дојде до целосен пресврт. Искуството беше на страната на Лукоил па новакот во Бизнис Лигата Окта се чинеше дека не е доволно адаптиран на брзиот стил на игра кој го негува екипата на Лукоил. Окта не можеше да најде против-игра за разиграниот Лукоил па на крајот го загуби овој натпревар со 13-4.