Имаме две интересни табели кои се однесуваат на германското и италијанското првенство и се подолени на три дела. Која година последен пат клубовите биле промовирани во прва лига (што значи во претходната биле второлигаши), колку сезони имаат до сега учествувано во прва лига и на која позиција се сега.
Џабе ако некој кој навива во Бундеслига за Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен или Шалке 04 се сили на оваа тема, бидејќи има само еден клуб кој до сега никогаш во историјата не заиграл во второлигашко друштво, а тоа е Хамбург.
Иста е и сликата во Серија А каде само еден клуб може да се прчи дека никогаш не се натпреварувал во втора лига, а тоа е Интер. До пред 10 години мечот Јувентус - Интер беше единствениот кој го носеше епитетот „дерби на Италија“ со образложение дека тоа се единствените екипи кои не играле во Серија Б. Но потоа Јуве беше казнет во скандалот Калчополи и исфрлен од првата лига.
Со најмногу учества во Серија А по Интер, следуваат Рома и Јувентус, а потоа 5-кратниот Европски првак Милан.