Offside

Кај триста сомнежи имаме со купишта ствари пред да ги објавиме на сајт поради она вештачкана интелигенција (ВИ), сега па и на фудбалерите не може да им се верува.

Србите им ја сокрија топката на Американците

Иако селекцијата на Србија имаше очаен старт на дуелот со САД и за 7 минути губеше 23:5, сепак избраниците на Александар Џорџевиќ ја стегнаа играта и загубија само три разлика од големиот фаворит. Ова е нивната најубава акција на мечот.

Ветувањата на кинеските газди

Или “кога најдобриот тим во Европа“ ќе загуби од четвртолигаш и ќе испадне во втора лига.

Ја знаете ли инспиративната приказна за Ерик Јагулата?

Прекарот му го дадоа медиумите откако неговото име за прв пат излезе во Тајмс на Олимписките игри во Сиднеј. Ерик исплива двојно побавно од тогашниот светски рекорд на 100 метри слободно, но тоа беше рекорд за неговата земја, каде што учел пливање од рибари.

100 метри слободен стил, 1896 vs 2012

Видеото е многу добро и ја вади накусо 116 годишната историја на резултатите во пливање на 100 метри слободен стил. Разликата меѓу освојувачот на златен медал на Олимпијадата во Атина 1896 и Лондон 2012 е 35 секунди или 42 метри. Каде ќе бидат границите ако вака напредуваат олимпијците?

Волејот на Ди Канио е тежок, на Марез му успеа од четврта

Генијалната мајсторија на Паоло Ди Канио датира од 2000 година додека играше за Вест Хем. Ја вежбаше Марез од Лестер.

Лејла, Лили и Лина

Не се секирајте не гледате тродупло. Ова е триото кое стигна до Рио. Првите три близначки во историјата кои ќе настапат на Олимпијада и за кои почнаа шеги меѓу фановите околу тоа како ќе ги разликуваат кога ќе стигнат на финишот од трката.

Ако сте за марихуана во спортот

Видеото е за оние кои сметаат дека спортистите треба да пушат трева. Светската анти-допинг агенција ги смени правилата и им дозволува на олимпијците, а постојат тврдења дека така стануваат поиздржливи и им се намалуваат воспаленијата. Фелпс и Болт имаат пробано.

Ердоган го гони Хакан Шукур

Турските власти издадоа потерница за поранешниот фудбалер кој на Мундијалот во 2002 го постигна најбрзиот гол на Светските првенства.

Сите златни медали на Фелпс

На Олимпијадата во Сиднеј со 15 години стана најмладиот учесник од Америка во последните 68 години на ОИ, каде не успеа да освои медал и завршува петти. Една година потоа дава интервју на кое вели дека би било кул да освои еден златен медал.

На овој не е човек да му даде фудбал да игра

Судијата му дели црвен картон, а овој го прави бумбар. Така тоа функционира во третата лига во Гватемала.

Италијанец е, а им забранува пица на фудбалерите

Ерата на Антонио Конте во Челси почнува со нов строг режим на исхрана кој ќе треба да го почитуваат играчите, исто како што скоро направи и Пеп Гвардиола во Манчестер Сити.

Првиот фудбалер од 1 милион фунти

Нејмар 86, Игуаин 90, Роналдо 94, Бејл 100, Погба 105 милиони евра. Секој рационален и објективен фудбалски навивач би рекол ова е претерано. Историјата на милионските трансфери е стара 37 години.

Уште една паралела на Олимпијадите од 80 години

Лос Анџелес 1932 и Лондон 2012 овој пат со еволуција на скок преку јарец.

Македонија, Виетнам и Доминиканска република, тие сме

ФИФА ја објави августовската ранг листа, а тоа за нас е нова фрустрација кога ќе видиме со кого сме на исто рамниште.

Милијардите за трансфери во ерата на Премиер лигата

Четири екипи потрошиле над милијарда фунти за засилувања откако се формираше Премиер лигата во 1992-ра, а петте најголеми трошаџии заедно фукнале 6,5 милијарди фунти, во евра 7,6 милијарди. Погба чини повеќе од дупло од едно трансфер лето на Лестер или Бурнемут помножен со 104.

Исхраната на Фелпс во Пекинг 2008 и Рио 2016

За таа снага да ја нарани пред 8 години и да биде најдобар, јадеше по кило тестенини за ручек и кило за вечера, а појадокот да му се слоши на човек само што ќе го прочита. Сега не консумира ниту пола од тоа па пак е најдобар.

Ирвинг ја повтори тројката од мајсторката со Голден Стејт

По победите против Кина и Венецуела, кошаркарите на САД стигнаа и до третата победа во Рио откако синоќа славеа над Австралија со 98:88. Кајри Ирвинг постигна 12 од вкупно 19 поени во последната четвртина и потсети и постигна тројка на 1:35 до крајот, слична како онаа против Вориорси на 55 секунди до крајот на седмиот меч.

Фин гест на Марсело

Веднаш по финалето на Европскиот Супер Куп против Севиља кое го добија во продолженијата со 3:2, бразилскиот бек израдува дете во количка.

Нека се воведе и како дисциплина на Олимпијада

На толку нови финти кои излегоа со топка по улици, редно време е Меѓународниот Олимписки комитет да седне и да размисли за нешто вакво. Ќе има мастраф, пази ова.

На Хал Сити им фали човек за фудбал, во сабота играат со Лестер

Ако има доброволци за фудбал со соодветно CV нека се обратат во Хал Сити. Новиот премиерлигаш нема доволно играчи, а газдата само продава и не носи засилувања. 

Прв ден во теретана, женска верзија

Колку и да чини да имаш сопствен тренер на фитнес, оваа жена мора да го има за да доживее втор ден во теретана. Во спротивно постои опасност да и пресудат теговите.