ЕЛЕМ немаше сили за пресврт во дуелот со Адмирал

Пекабеско, ЕВН и Адмирал тргнаа со победи во првиот ден од 7. коло во Бизнис лигата на Македонија.

ЕЛЕМ немаше сили за пресврт во дуелот со Адмирал
ЕЛЕМ 6-7(1-4) Адмирал
ЕЛЕМ: Синиша Ковачевиќ 3’ 38’ Павле Маџовски 23’ Александар Димовски 30’ 31’ Антонио Ничевски 37’
Адмирал: Албрим Шакири 4’ Стефан Серафимовски 8’ Јован Качевски 9’ 21’ 25’ Спасе Новковски 14’ Ненад Лазаревски 26’

Седмото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на ЕЛЕМ и Адмирал.
Екипата на ЕЛЕМ го започна овој натпревар со голман играч во своите редови што на Адмирал му овозможи да постави одбрана со која ги користеше грешките во додавањата на предната линија на ЕЛЕМ што им овозможи реализација и на полувремето дојдоа до водство од 1-4. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ успеа целосоно да ги конслолидира своите редови да заигра одлично во нападот стопувајќи ја предноста која ја имаше Адмирал да стигне на само гол разлика на минута од крајот на натпреварот, но не и да смогне сили за целосен пресврт во овој натпревар кој го загуби со 6-7.

ЕВН со звукот на сирената до победа над НЛБ Банка
ЕВН 5-4(4-2) НЛБ Банка
ЕВН: Томи Илиевски 2’ 3’ Бојан Симоновски 9’ Вилијам Митев 10’ Ајет Новобрдарија 40’
НЛБ Банка: Жарко Димитриевски 5’ Мирослав Јовановски 20’ Иван Стојанов 37’ 38’

Натпреварот помеѓу ЕВН и НЛБ Банка го отвори екипата на ЕВН преку Илиевски кој за три минути успеа да постигне два гола, но екипата на НЛБ Банка го имаше во своите редови Димитриевски кој успеа да намали на 2-1. Во понатамошниот дел од полувремето екипата на ЕВН играше доста отворен фудбал со кој стекна предност од 4 гола која НЛБ Банка ја намали на 4-2 буквално во последната секунда од полувремето. Во второто полувреме беше во знакот на НЛБ Банка која со одлична игра успеа да го израмни резултатот и да го доведе натпреварот во инфаркт завршница. Во ваквта завршница искуството беше на страната на ЕВН кој го имаше во своите редови Новобрдарија кој со звукот на сирената го реши овој напревар во полза на ЕВН со релутат од 5-4.

Пекабеско го скрши отпорот на Оне.Вип во второто полувреме.
Оне.Вип 2-6(1-1) Пекабеско
Оне.Вип: Илчо удовалиев 16’ Мартин Ангеловски 22’
Пекабеско: Слободан Игнатов 18’ Бобан Вујиќ 24’ 35’ 36’ 39’ Маријан Величковски 39’

Крајно израмнето прво полувреме одиграа екипите на Оне.Вип и Пекабеско и на двете страни се играше нешто по дефанзиен фудбал во кој главната улога ја имаа голманите. На полувремето се отиде со израмнет резултат од 1-1, стелци на головите беа кај Оне.Вип Удовалиев во 16-та минута, а кај Пекабеско Спасев во 24-та минута. Второто полувреме го отвори екипата на Оне.Вип која преку Ангеловски успеа да дојде до водство од 2-1 по што следеше одговор од Пекабеско кој преку Вујиќ го изедначи резултатот со што се влезе во егал завршница. Еден од играчите во екипата на Оне.Вип недозволено играше со рака во казнениот простор по што Пекабеско имаше пенал кој успеа да го реализира преку Вујиќ кој подоцна стрелаше за 2-4 во завршницата со уште два погодоци Пекабеско однесе сигурна победа од 2-6.

15 ноември 2016 - 08:48