Моментот на мечот беше во 80. минута кога Един Џеко доби втор жолт картон поради тоа што му ги соблече шорцевите на Сократис Папастатопулос. Смешна сцена за гледачите, но не и за актерите на теренот.
„Добив црвен без причина. Не знам зошто. Судијата кажа дека јас сум го започнал целиот метеж, а само јас бев долу на теренот, така што не знам како јас сум започнал се“?, изјави Џеко веднаш после мечот.
Џеко сигурно ќе го пропушти следниот меч од квалификациите за Мундијалот 2018-та против Гибралтар. Селекторот на БиХ, Мехмед Баждаревиќ после средбата изјави дека судијата Јонас Ериксон немал изедначен критериум и дека дозволил противникот да игра грубо.
Евроголот на Миралем Пјаниќ од 35 метри:
Цавелас ја спречи БиХ да освои три вредни бода:
Целата сцена многу потсетува од играчките денови на Мехмед Баждаревиќ кога на мечот Југославија - Норвешка плукнал во правец на судијата и добил црвен картон поради што го пропуштил Мундијалот.
Една од епизодите на легендарната „Топ листа надреалиста“ била посветена токму на Баждаревиќ: