Offside

Англискиот напаѓач и капитен на Баерн Минхен ја освои најпрестижната индивидуална фудбалска награда и стана прв Англичанец со ова признание по пауза од 25 години. Последен беше Мајкл Овен во 2001-ва.

Најсмешниот црвен картон сезонава го доби Џеко

Мечот Грција - Босна и Херцеговина од квалификациите за СП 2018 заврши 1:1 а пред крајот играчите беа многу нервозни. Гостите поведоа со 0:1 благодарение на евроголот на Миралем Пјаниќ во првото полувреме, а Грците се извадија во 95’ минута преку Цавелас.

Лекција за изведување корнери од 10 годишни деца

Ќе речеш 10 години имаат и не знаат ништо освен да играат и да се бркаат низ маало, ама не било така. На Шангај У10 уште сега им работат мозоците за правење итри и модерни потези во фудбалот кои носат резултат.

Прием на колото

Селекцијата на Франција со пресврт славеше против Шведска во квалификациите за СП 2018. Пол Погба освен што израмни и го најави пресвртот, кој знае што ќе правеше со оваа топка ако судијата да не ја прекинеше акцијата. Како и да е, приемов вреди да се види.

Осврт на шесттото коло на Бизнис Лигата на Македонија

Во рамките на шестото коло од Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни девет натпревари.

Историски успех во македонскиот шах

ШК „Алкалоид“ се врати со злато од Европскиот Клупски Куп,  познат уште и како Куп на шампиони во шах кој важи за најсилното клупско шаховско натпреварување.

Вардарки го преслушаа Ференцварош за прво место во групата

Ракометарките на македонскиот првак не дозволија ново изненадување по она во првото коло кога Унгарките со реми заминаа од Скопје и вечерва во Унгарија го совладаа тамошниот шампион со убедливи 24:37 (12:21)

Комунистички тренерски мерки

Елена Симеонова е претседателка на гимнатичарскиот клуб Олимпија и член на бугарската асоцијација на тренери. Во јавноста во Бугарија се проширија снимки од еден нејзин тренинг со 10 годишни девојчиња по кои се бара да си даде оставка од двете позиции.

Малер на колото кој по грешка типувал на изборите во САД

„При online играње има можност за селекција на најмали коефициенти и по грешка сум го селектирал и овој тип па по толку чекање иако сумата е мала (30тина евра) - ова е смешно “, ни пиша малерот.

Рутинирана победа на Шпанија

Македонската фудбалска репрезентација се соочи со висок пораз на гостувањето во Гранада. Избраниците на Игор Ангеловски загубија 4:0 во 4. коло од квалификацискиот циклус кој слободно можеме да го прогласиме за завршена приказна. 71% посед на топка за Шпанците.

Европскиот првак на колена во Скопје, Вардар подобар од Кјелце

Во дербито на двата гиганти на европскиот ракомет и меч на неделата според ЕХФ, Вардар го совлада полскиот Виве Таурон Кјелце со 40:34 (18:18) и го презеде лидерското место во групата Б.

Според АС, Барди и Бабунски во првите 11 вечерва

Реномираниот шпански портал АС ги објави можните состави за вечерашниот дуел меѓу Шпанија и Македонија од 20:45 во Гранада. Столе Димитриевски ќе застане на голот, напред Несторовски и Пандев.

Мосад осуетил терористички напад врз фудбалерите во Албанија

Албанецот од Косово Лавдрим Мухаџери кој се смета за еден од командантите во терористичката организација ИСИС планирал напад врз израелските фудбалери на мечот во Албанија.

Голот кој не се брише од меморијата на Англичаните

Дербито на вечерта во квалификациите за Мундијалот во Русија се игра во групата Ф. Се работи за едно од најголемите ривалства меѓу две земји, Англија и Шкотска. На навивачите на Гордиот Албион оваа пресметка секогаш ќе им буди спомени на Европското во 96-та и оној епски потег на Пол Гаскоњ.

Кога пргавиот Бразилец слетал во Мадрид со влечки и шорцеви

Како мал одел со камион со чичко му до границата со Парагвај, купувал бижутериски накит и потоа го препродавал во Сао Пауло. Добро му одело, заработувал пристојно и не сакал да му се врати на фудбалот. Не сакал сè додека не го сретнал агентот Хорхе Мендез.

Дел Пјеро и Тоти на снимање реклама

Франческо Тоти прв му го честиташе 42 роденден на Алесандро Дел Пјеро, а италијанските медиуми потоа се сетија на една нивна заедничка реклама која не можеа да ја снимат од многу кезење.

Најголемиот момент во историјата на тифо движењето

На 11.11.2007 година, пред точно девет години еден од најомилените навивачи на Лацио, познатиот римски ди-џеј Габриеле Сандри (26) беше убиен од залутан куршум на полицаец на автопатот кај местото Бадја ал Пино близу градот Арецо.

Како Кака заработил аплаузи во соблекувалната на Олд Трафорд

Кога Росонерите во 2007-ма ја освоија Лигата на шампионите, на чекор до финале им застана Манчестер Јунајтед. Во Милано славеа 3:0, а во Манчестер загубија 3:2. Кака освен што ги постигна двата гола на гостувањето, направи гест кој никогаш нема да му го заборави Рајан Гигс.

Бесплатен доручек зошто Кун и Пипита не дадоа гол

Во текот на денот пред мечот со најлутиот ривал Аргентина, локал во Бело Хоризонте нудел бесплатна ужина следниот ден во случај Серхио Агуеро и Гонзало Игуаин да не му дадат гол на Бразил. Така и бидна.

Дебакл на Аргентина на дербито, во моментов се во аут за СП 2018

Селекцијата на Бразил ги истера демоните од Бело Хоризонте каде окрка 7 парчиња од Германија во полуфиналето на последниот Мундијал. Нивна мета беше најголемиот ривал кој со триото Меси – Игуаин – Ди Марија не можеше да даде ниту еден гол.

Монпелје ги однесе бодовите од Скопје

Во дуел од шестото коло на групната фаза на ЛШ, Металург вечерва загуби од францускиот претставник Монпелје со 24:30 (10:14).

Скендеровиќ со хет-трик му донесе победа на Трансмет во дуелот со ЕЛЕМ

Гранит и Трансмет славеа во третиот ден од 6. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Кои од фудбалерите имаат завршено факултет

Тешко дека некој талент за фудбал кој планирал да прави кариера и пари од оваа претерано платена професија (во некои странски земји), ќе батали да тренира за да се затвори дома и да учи. Но ете имало и такви кои стасале до диплома, а истражувањата покажуваат дека се само 1%. Чуму?