Скендеровиќ со хет-трик му донесе победа на Трансмет во дуелот со ЕЛЕМ

Гранит и Трансмет славеа во третиот ден од 6. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Гранит со одлична реализација до победа над ЕВН.
Гранит 5-3 (3-1) ЕВН
Гранит: Сашо Каровски 5’, 6’, Семир Прентиќ 8’, Ернад Рамдедовиќ 25',
Стефан Тевдовски 27'
ЕВН: Бојан Симоновски 16', Бојан Маџовски 20', Ајет Новобрдарија 35'
 
Екипата на Гранит одлично го отвори натпреварот со ЕВН пред се благодарение на расположениот Каровски кој во петтата минута успеа да постигне два гола со што му даде на Гранит ветар во грб. ЕВН неможеше да влезе во својот препознатлив ритам па полувремето го загуби со 3:1. Во второто полувреме Гранит продолжи со одлична игра што сигнализираше кај ЕВН да отпочне одбрана со голман играч но и тоа не се покажа како успешна стратегија па на крајот Гранит славеше со 5:3.
 
Скендеровиќ со хет-трик му донесе на Трансмет победа во дуелот со ЕЛЕМ
Трансмет 3-2 (0-0) ЕЛЕМ
Трансмет: Един Скендеровиќ 21', 24', 36'
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 26', 38'
 
Во првото полувреме екипите на Трансмет и ЕЛЕМ одиграа мошне цврста одбрана која не дозволи отворени шутеви кон голот и на двете страни. Тешко се доаѓаше до изгледна шанса за гол иако на двете страни играчите во нападот беа настојчиви. Во ваквата игра полувремето заврши со очекуван резултат од 0:0. Во второто полувреме и двете екипи заиграа нешто по отворен фудбал. Екипата на Трансмет во своите редови го имаше Един Скендеровиќ кој со хет-трик направи предност која ЕЛЕМ не успеа да ја надомести за победа на Трансмет од 3:2.
10 ноември 2016 - 17:11