Приказната која ја раскажува легендата Рајан Гигс оди вака:
„Ако постои играч во кој се заљубив поради класата, елеганцијата и карактерот, тоа е без сомнение Рикардо Кака. Се сретнавме во полуфинале од ЛШ на Олд Трафорд, а Кака беше незапирлив. Го ја имаа онаа магија на такви натпревари која прави разлика. Тоа беше беше прв пат да игра во живо против мене.
Дојде до инцидент на средина на терен, направив прекршок над него и потоа ме грабна за врат и доби жолт картон за потегот. Знаев дека е побожен и религиозен човек и се замислив како може човек кој е толку побожен да ме нападне физички?
Кога заврши натпреварот во нашата соблекувална ме чекаше заедно со Гатузо кој зборуваше добро англиски бидејќи играше во Ренџерс. Ми рече дека Рикардо сака да се извини за неспортскиот потег, а јас му одговорив: Нема проблем, сите сме луѓе.
Рикардо ме гушна и ми даде икона. Бев шокиран од неговата великодушност и му објаснив: Рикардо нема проблем, играчите на терен некогаш се спремни чудно да постапат, а во Лига на шампиони, во полуфинале, тоа е нормално.
Гатузо сето тоа убаво го преведе и Кака клекна пред мене и пак ми се заблагодари. Цела соблекувална му аплаудираше и си ги разменивме дресовите. Неговиот подарок се уште е кај мене и ме потсетува на еден од најважните моменти во мојата кариера“.