Страшен капитенски говор на 10-годишно дете

Капитенот на тимот на Њуелс Олд Бојс до 10 години, Максимилиано Паренте се прослави после појавувањето на видето на кое се гледа како ја наострува екипата пред финалниот меч против лутиот градски ривал Росарио Централ.

Превод: „Ова е ново финале за нас - меч на кој му се посветивме цела година. Сетете се на денот кога го облековме овој дрес. Сетете се на сите наши тренинзи и деновите кога бевме страшно уморни. Дечки (Мучачос), денес дојде часот. Денес ќе си подариме себе победа и ќе станеме шампиони. Сите мисли - само на теренот и дајте се цели себе. Без оглед како ќе заврши мечот, ние и натаму сме екипа. Напред и дајте се за овој дрес најголем во цел Розарио. Напред до победа! Дајте срце и душа! Дајте се за Њуелс Олд Бојс“.

Мечот на крајот завршил 0:0 и Њуелс Олд Бојс, екипа во која својата кариера ја започна Лионел Меси стана јуниорски шампион на Аргентина.

15 ноември 2016 - 13:29