Последен кој се најде на листата на најглупо добиени црвени картони е Един Џеко кој ја изгуби главата во квалификациите против Грција. Напаѓачот на Рома доби втор жолт картон затоа што целосно му ги соблече шорцевите на Кирјакос Пападопулос и го остави по гаќи.
Но Џеко не е единствен кој добил црвен картон за глупост.
Алекс Сонг - јуни 2014
Репрезентативецот на Камерун чија што селекција имаше очаен настан на Светското во Бразил и беше пред испаѓање од Хрватска, се изгуби и направи тешка глупост и намерно грубо го удри Марио Манџукиќ иако топката беше далеку од двајцата:
Единсон Кавани - октомври 2014
Во триумфот на ПСЖ над Ленс од 3:1 имаше три црвени картони, но најглупавиот го доби Уругваецот Единсон Кавани. Откако даде гол од пенал за 3:1 Кавани глумеше пукање од автомат кон домашната публика и за тоа доби жолт картон. Кавани се бунеше по што судијата му покажа втор жолт и црвен картон.
На тој меч паднаа три црвени картони за пет минути од кои на Кавани беше најглуп:
Марио Ѓуровски - мај 2013
Покрај бројните голови во Тајланд каде играше за Муангтонг Јунајтед, Марио Ѓуровски во фудбалскиот свет се прослави и по вториот жолт картон и црвениот кој го доби за бизарна прослава на голот:
Дејвид Бекам - јуни 1998
На пеколниот дуел Англија - Аргентина на Светското 1998 во Франција, Дејвид Бекам доби црвен картон откако го удри Диего Симеоне кој го провоцираше цело време. Мечот заврши 2-2 а Англија испадна после пеналите:
Јусуф Мулумбу - март 2014
Откако Гери О’Нил од Астон Вила му направи фаул со цел да спречи контра на Вест Бром, Јусуф Мулумбу ја рогна топката со сета сила во негов правец и доби директен црвен картон за оваа глупост:
Бенџамин Масинг - јуни 1990
Камерун беше најсимпатичната репрезентација на легендарниот Мундијал во Италија ’90-та. Најинтересниот меч Камерунците го одиграа против Аргентина кога нивниот фудбалер Масинг направи глуп и тежок прекршок над Каниџа од кого топката беше пет метри далеку и доби црвен картон:
Ли Боер и Кирон Даер - април 2005
Во англискиот фудбал сме виделе буквално секакви циркузи, но она што го направија двајца соиграчи од ист тим пред 11 години беше просто незамисливо.
Да се фатат противнички играчи за врат па да разбереме, ама другари од иста екипа, во случајов од Њукасл е чудно. Даер и Ли Боер се степаа со тупаници на сред натпревар против Астон Вила поради тоа што Боер му се жалел на Даер зошто не му подава. И двајцата добија пат кон соблекувалната:
Зинедин Зидан - јули 2006
Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Французинот Зидан во продолжението од финалето на Светското првенство против Италија при резултат 1-1 направи тешка глупост откако дозволи Матераци да го испровоцира а овој да го удри брутално со глава а Франција изгуби на пенали. Екцесот на Зизу:
Паоло Ди Канио - септември 1998
Судијата Пол Алкок го исклучи тогашниот напаѓач на Шефилд Венздеј Паоло Ди Канио поради тоа што на Италијанецот прво буквално го нападна Мартион Кион од Арсенал а потоа насилно го турна и судијата на земја со сета сила. За ова доби суспензија од 11 меча: