Синот на Милко Ѓуровски, веќе 10 години е на Тајланд. Таму се прослави како играч, постигна 93 гола за три различни клуба, а од октомври лани на 35 години стана тренер и седна на клупата на Муангтонг Јунајтед. Екипата под негово водство има одлична серија од неколку победи а играат и добар фудбал.
Топ 10 листа со интересна мешавина на фудбалери и различни времиња каде по прослава на гол судиите се решиле да вадат црвени картони. Некои одлуки се престроги, а некои прослави на гол се скроз непотребни и ризични за играчите. Го има Тевез на младини години во Бока.
Кога ја претставуваш земјата или својот клуб на голем и тензичен натпревар којшто го гледаат милиони гледачи, јасно е зошто понекогаш е тешко да ја задржиш смиреноста.
Фудбалското првенство на Тајланд заврши порано од предвиденото, шампионот го крунисале пет кола пред крајот а две екипи испаднале иако имале шанса да опстанат во првата лига.
Дали имал ставка во договорот дека не може да патува дома за пријателски и наводно поради тоа не игра за репрезентација не нè интересира. Едноставно Марио Ѓуровски мора повторно да го видиме во националниот дрес. Во новиот триумф Бангкок Јунајтед кој славеше 3:0 против БЕЦ Теро, нашиот повторно беше двоен стрелец, а вториот гол му е боли глава.
Марио Ѓуровски за Маунгтон Јунајтед постигна 59 гола за 4 сезони, а од оваа година почна да игра за Бангкок Јунајтед. Мрежата ја начна синоќа против Арми Јунајтед за гостински триумф од 3:4 со два идентични волеј удари. За Македонија има 12 настапи, а прашањето ни е зошто повеќе не го викаат?
Ќе ја искршам рекламата, ќе шмркам кокаин, ќе им се кезам на навивачите на Арсенал, ќе го хејтам судијата, ќе ги ставам гаќите на глава, ќе јадам морков, ќе и удрам глава на соблекувалната, ќе ги поздравам фашистички, Ај сега да ги видите.
Марио Ѓуровски беше вистински шоумен со начинот на кои ги прославуваше головите во Муангтонг Јунајтед, а за време на четиригодишниот престој остави извонреден белег од 72 гола и 50 асистенции на 150 мечеви. Бангкок јунајтед денеска го претстави како ново засилување и сигурно најмалку очекува вакви асистенции.
Македонскиот интернационалец Марио Ѓуровски одново блесна во дресот на Муангтонг јунајтед, овој пат со мајсторија од слободен удар за победа од 2:1 против Арми јунајтед и пласман во финалето на Купот на Тајланд. Ваков лоб од косо, ретко се гледа.
Има 113 меча за Муангтонг Јунајтед и 51 гол и речиси за секој погодок има испланирано славје пред тајландската публика. Пред две години гаќите му ги видоа сите.
Двајца наши интернационалци се истакнаа со по три погодоци ова коло. Наташа Андонова со Розенгард победи 5:0 и ја славеше титулата во Шведска. Марио Ѓуровски оствари победа со Муангтонг од 4:1 над Чанграи и изби на првата позиција на табелата во тајландското првенство.
Македонскиот привремен репрезентативец за секој гол има подготвено по некој нов специфичен начин на радување пред азиската публика. Муангтонг јунајтед победи викендов со 2:0, а Ѓуровски мајсторски го лобуваше голманот.
Иако можеби тоа од насловот ви звучи фино, сепак не се работи за секс по избор и желба. Фудбалери од Гана тоа го прават под присила со проститутки, а истовремено мора да продаваат и дрога за да преживеат во азиската земја каде заминале да градат кариера.
За нашиот интернационалец Марио Ѓуровски кој настапува во Тајланд сигурно можеме да направиме компилација од „лудости“ кои ги прави на теренот. Последна му беше асистенцијата која стана хит, а овој пат по постигнатиот гол му се качи на ушка на редарот.
Македонскиот интернационалец Марио Ѓуровски кој настапува за тајландскиот клуб Муангтонг постигна гол од пенал во манир на голем стрелец. Првото коло од азиската Лига на шампионите помеѓу Муангтонг и Јеонбук заврши 2:2, а Ѓуровски го постигна првиот израмнувачки погодок.
Авторот на ова “ремек дело“ е нашиот интернационалец Марио Ѓуровски кој настапува за тајландскиот клуб Маунгтон Јунајтед. Погледнете го исходот од истренирата комбинација.