Некогашниот фудбалер на Војводина веќе неколку сезони игра во Тајланд каде се прослави со ефектните голови и чудните прослави на погодоците. Попладнево на мечот Муантонг - Након, гостите поведоа со 0-1, но Ѓуровски со два гола во 13-та и 35-та минута направи пресврт.
Сепак гостите израмнија во 60-та минута по што учинокот на Ѓуровски не беше крунисан со три бода. Со двата денешни голови, Ѓуровски сега има 15 голови сезонава и е при врвот на листата на стрелци. Неговиот тим Муантонг во моментов е втор со 71 бод по 34 одиграни средби.