Ова го тврди Никвеј Исак, поранешна ѕвезда од фудбалско првенство во Гана, кој минатата година направил трансфер во Тајланд во екипата на Ајутаја.
За медиумите во својата родна земја тој раскажал дека извесен агент му понудил многу поволен договор за да настапува во тајландското првенство, но целата операција се покажала како измама.
„Агентот ме тераше да дојдам тука и ми ветуваше блескава кариера и голема плата, но уште кога пристигнав, не одеа така работите, Животот е тука многу тежок, а јас настапувам за клубот само ако местото е безбедно, затоа што мојата дозвола за престој истече.“
„Многу фудбалери од Гана и од други земји мораат да прават незаконски работи за да преживеат, како на пример да продаваат дрога и да спијат со локални проститутки за да добијат некаква помош од нив за возврат. Поминуваме низ пеколни ситуации само поради еден фудбал“, изјави Исак.
Тој вели дека многу фудбалери од Гана меѓу кои и аматери заминуваат од својата земја поради ниските плати, но Тајланд како дестинација повеќе им го комплицира животот бидејќи не ги добиваат ветените примања, а имаат и бирократски проблеми.
По сведоштвата на Исак, владата и Фудбалската федерација на Гана не ги коментираа овие проблематики на фудбалерите.
Наш најпознат фудбалер кој настапува во Тајланд е Марио Ѓуровски кој од 2012 година настапува за Муангтонг Јунајтед. Тој не се пожалил на вакви проблеми, туку напротив, многу му е забавно, и кога асистира и кога прославува гол.