„Пола Златен - пола наверојатен“ беше еден од највпечатливите наслови тој 14-ти ноември 2012 година кога Ибрахимовиќ го постигна можеби најубавиот гол во историјата на фудбалот. Пријателска играа Шведска и Англија, Швеѓаните добија 4-2, а Ибра ги даде сите четири гола.