Сите 50 голови на Нејмар за Бразил

На само 24 години фудбалер да стигне до 50 голови за селекцијата на Бразил тогаш тоа е знак дека ќе се брка рекордерот Пеле. Како тргна Нејмар веројатно дека го може тоа, а зошто и да не може кога не е стигнат ни до половина од кариерата.

На 10 август 2010-та селекторот Мано Менезес на пријателска против САД му даде шанса на Нејмар да дебитира за Бразил на 18 години. Го облече дресот со број 11 и во 28 минута на асистенција на Андре Сантос го постигна деби голот на деби настапот за водство на Бразил од 2:0.

Потоа тргна и не застана и до квалификацискиот меч против Аргентина пред неколку дена стигна до јубилејни 50 погодоци за репрезентација на 75 настапи. На топ 10 листата само тој е активен фудбалер, но има уште многу работа за да ги мине тројцата кои се пред него.

Прв е Пеле со 77, втор Роналдо со 62 и трет Ромарио со 55. Зад Нејмар се Зико (48), Бебето (39), Ривалдо (35)...

Голот број 1 (Пријателска против САД на 10.8.2010)

Голот број 10 (Пријателска против Кина на 11.9.2012)

Голот број 20 (Пријателска против Чиле на 24.4.2012)

Голот број 30 (Пријателска против Јужна Африка на 5.3.2014)

Голот број 40 (Пријателска против Јапонија на 14.10.2014)

Голот број 50 (Квалификации за СП против Аргентина на 10.11.2016)

Целата листа по датуми овде

16 ноември 2016 - 14:38