Иако важи за еден од врвните напаѓачи во Европа во моментов, неговиот талент на времето не бил препознаен како што обично бидува на малите бразилски терени.
25-годишниот Роберто Фирмино веќе втора сезона ужива на „Енфилд Роуд“ во Ливерпул кој за него на Хофенхајм му плати огромни 33,73 милиони евра.
Интересно за Фирмино пред неколку години прв дознал Луц Фаненштиел, лудиот голман кој на времето бранеше на сите континенти и во преку 20 земји а сега работи како скаут за бундеслигашот Хофенхајм. Луц го открил Фирмино преку популарната компјутерска игра Фудбал Менаџер во јануари 2011. година.
Во разговор за talkSPORT, Фаненштиел му кажал на новинарот Пол Хауксебе дека видел како цената на Фирмино на Менаџер му достигнува до 4 милиони евра што не било многу за богатиот сопственик на Хофенхајм.
„Да, го открив играјќи Менаџер. 4 милиони евра не беа малку, особено не за 17-18 годишно момче од бразилска втора лига. Не знаевме ништо за него. Тогаш сите се прашуваа како би можеле да дадеме толку пари за неизграден играч. На крајот го продадовме за 33 милиони евра плус буноси и испадна дека сум направил добар скаутинг“, вели „лудиот“ Луц.
Фирмино со Хофенхајм потпиша во декември 2010. година а во Германија се пресели и заигра од јануари 2011. година. За „сино-белите“ играше четири години до 2015. година и на 140 меча постигна 38 голови. Во Ливерпул дојде на 23 јуни 2015 година за 33,73 милиони евра и досега на 41 меч даде 15 голови и има повеќе од 15 асистенции.
Во репрезентацијата на Бразил одигра 12 меча и досега даде 5 гола.