Offside

Со играч од калибарот на Дончиќ, нема недостижна предност на паркетот. Лејкерски ја совладаа Јута со 132:123 и покрај тоа што во еден момент губеа со 18 поени разлика.

Нормален потег во бразилско првенство

Итало Барбоса има 19 години и игра во бразилскиот клуб Парана’. После потегов „ламбрета“, будно ќе му ја следиме кариерата.

Ти го мислиш бек, а тој се однесува како Зидан

Денис Кемпе е дефанзивец на Карлсруе кој викендов го постигна можеби голот на сезоната во втората германска лига. Кај што ги направи мајмуни, го остави целосно збунет и голманот со лоб ударот.

Срушен митот Морача, Вардарки конечно го победија Будуќност

Во сенка на Светското за мажи, вечерва почна главната фаза на женската Лига на шампиони. Вардарки ја совладаа црногорската Будуќност 28-31 која загуби на домашен терен првпат после цели четири години.

Еврогол на Несторовски против Наполи

Најдобриот македонски фудбалер во моментов, напаѓачот Илија Несторовски го олади „Сан Паоло“ во Неапол во 6. минута од дуелот и ги доведе гостите во сосема неочекувано водство. Ова е осми гол за Прилепчанецот во Серија А по постот од осум меча без погодок. За Сицилијанците од почеток вечерва игра и Александар Трајковски.

Лутиот Дибала не му даде рака на Алегри

Шампионот Јувентус го совлада Сасуоло на гости со 0:2, но мечот го одбележа моментот кога Алегри реши да го замени Дибала со Марко Пјаца во 75. минута од мечот. Аргентинецот се поздрави со присутните соиграчи, но не и со тренерот кој остана со испружена рака.

Триколорите прославија злато како Исланд

„Експертите“ како што ја викаат казнената експедиција на Франција го освоија неверојатното 11-то злато на големите натпреварувања. Вечерва ја прегазија Норвешка и го одбранија пехарот од Доха освоен пред 2 години. На крајот прославија како што славеа Исланѓаните на ЕП2016.

Моќната Франција е светски ракометен шампион

Најдобрата ракометна репрезентација во историјата, на домашен терен стигна до шестото светско злато а вкупно 11-то златно одличје на големите натпреварувања откако вечерва ја совлада Норвешка во финалето со 33:26 (18-17).

Промашен зицерот на годината?

Францускиот репрезентативец Метју Валбуена на мечот Лион - Лил (1-2) промаши нешто што се случува еднаш или ниеднаш во кариерата. Лион на крајот загуби и сега заостанува 8 бода од третото место кое води во квалификациите за Лигата на шампионите.

Сјаен мотивационен говор на Вујовиќ за медал

Ракометарите на Словенија ја освоија бронзата на Светското првенство во Франција откако ја совладаа Хрватска со 31:30. Најзаслужен за овој историски успех на „Змајчеки“ беше селекторот Вујовиќ кој на 10 минути пред крајот одржа еден говор како генерал пред битка. Хрватите во тие моменти имаа неверојатни осум голови предност.

Најдобрите 5 соочувања меѓу Федерер и Надал

Финале меѓу сестрите Вилијамс во женска и Федерер и Надал во машка конкуренција беше класика во тенисот ама пред 7-8 години. Ривалството на старите волци се враќа на сцена утре во 9 часот наутро по наше време. Заедно тежат 31 Гренд слем титула. Ќе биде многу интересно.

Еден типичен ден на Интер за време на тројната круна со Мурињо

Историска сезона на Интер се смета 2009/2010 кога освоија Скудето, Куп на Италија и Лига на шампиони или на италијански позната како Tripleta. Една доста занимлива претпоставка за тоа како им изгледал еден ден. Го има и нашиот кој не ја носел колата на перење, а требал да го вози Мурињо.

Како чиракот Клод Пуел учел од занаетчијата Венгер

Францускиот тренер Клод Пуел утревечер по трет пат сезонава ќе се сретне со својот некогашен учител од играчките денови во Монако. Кога Венгер ја освоил дебитантската титула на клупата на Монако, продолжена рака на теренот му бил борбениот Клод Пуел.

Сите голови од слободен удар на CR7 за Реал

Лионел Меси овој месец го израмни рекордот на Роналд Куман од 26 гола за Барселона од слободен удар. Кристијано Роналдо има 10 повеќе за Реал Мадрид, што со ефе, што сув лист кој не се брани. Компилација - празник за очи.

Фул тренинг на Марио Балотели

Фудбалот е захтевна работа и не е само трчање 90 минути во неделата и толку. Во спремањето на еден натпревар спаѓа вежбање гради, нозе, бицепс, трицепс, склекови, стомачни, игра со топка, пенали, слободни удари итн итн. По примерот на напаѓачот на Ница, тоа оди вака.

Натпреварот од Премиер лигата со еден човек и куче на една од трибините

Да се најдеш во Англија и да ти текне да одиш на стадион треба да имаш многу к`смет за карта, бидејќи грото од билетите се годишни и одат фамилијарно од колено на колено. Но на почеток не било баш така.

Мелем голови од слободни на Африканскиот Куп на Нации

Африканскиот Куп на Нации стигна до нокаут фазата каде не влегоа фаворити како Брегот на Слонова Коска и Алжир. Четвртфиналните средби се утре, а во меѓувреме ќе се потсетиме на ефектните голови од слободни во досегашниот тек.

Другар, ти си се кладел на прв аут

Почетниот удар на мечот Камерун - Гвинеја Бисао од АКН, напаѓачот на Гвинеа го изведе во аут. Освен ако ја чкртнал во кладилница прв аут за Камерун, друо објаснување не гледаме.

Гестот на третиот голман на Ливерпул по финалето од ЛШ во Истанбул

Нема фудбалер кој не го посакува на гради медалот од Лигата на шампионите, за кој потребно е и среќа во кариерата. Го нема освоено еден Ибрахимовиќ, ама го има актуелниот голман на Дерби кој по триумфот на Милан покажа колку е голем, без разлика што брани во втора лига.

Зошто некој би правел ваков апсурден фаул во 93-та кога губи 5:2?

За време на последните секунди од синоќешниот дуел во Копа дел Реј меѓу Барселона и Реал Сосиедад, гостите губеа 5:2, а на првиот дуел загубија 1:0. Во една таква ситуација ги сожали и судијата кој не свирна чист пенал врз Меси, а не извади ниту картон на прекршокот кој му претходеше на недосудениот пенал. Тотално непотребен фаул за кој се добива црвен.

Како дојде до експанзија на странски инвеститори во европскиот фудбал

Бизнисмените најмногу ги интересира парите, а бидејќи фудбалот е игра во која се вртат енормно многу пари, од него направија бизнис. Најмногу се накотени се знае каде, во Англија. Зошто? Па таму се вртат најголемите пари во фудбалот.

Балканскиот Јојо се препороди во Севиља

На 17 години Стеван стана капитен на Партизан а на 20 им даваше голови на Ливерпул и Баерн во Лигата на шампионите. Во Англија го мачеа повреди, кам-бекот во Италија му го обележаа повреди, а сега на два меча во Севиља покажа повеќе од трите претходни сезони.

Доналд Трамп за малку ќе го спасел од банкрот најтрофејниот фудбалски клуб во светот

Откако откривме дека пред 25 години влечел ждрепка за англискиот Лига Куп, најдовме уште една спортска новост поврзана со новиот американски претседател, поради која ќе го сместиме во Офсајд.

Се огласи и таткото на хрватската тенисерка

Откако неговата ќерка реши да го прекине деценискиот молк и отворено да проговори за тортурата што ѝ ја вршел татко ѝ, сега се огласи и прозваниот Маринко со кого таа веќе нема никаков контакт.