Карик доби аплаузи, играчите на Манчестер Јунајтед жестоки свирежи

Манчестер Јунајтед доживеа уште еден јак шамар, овојпат од Борнмут во Премиер лига кој ги смачка со 0-3. Гостите на полувреме имаа 0-2, а во вториот дел Бразилецот Еванилсон погоди за конечни 0-3. По крајот на натпреварот домашните навивачи го испочитуваа тренерот Мајкл Карик за кого сметаат дека не е воопшто виновен за катастрофалната сезона. А играчите си добија порција свирежи и навреди.

После 8 кола во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед е на 16. место. Има 3 порази, 4 нерешени средби и само 1 победа за вкупно 7 бода.

Навивачите на Јунајтед по дебаклот од Борнмут му аплаудираа и пееја на Карик преработка од една песна од '70-те години, поточно од групата Пилот од 1974-та година:

It's Carrick, you know,

It's hard to believe it's not Scholes,

It's Carrick, you know.

А веднаш после Карик, бурни свирежи добија играчите:

 

26 октомври 2026 - 08:53