Offside

Деца, едно време и ние игравме на Светско, ама со бившата држава која имаше состав за респект, со кој едвај на пенали излезе на крај една Аргентина во четвртфинале. Марадона промаши. Во осминафинале ни се падна Шпанија. Ја реши Драган Стојковиќ Пикси со две мајстории и конечен резултат 2:1. Никогаш недораскажана сторија е Југославија.

Династија Ањели - дрвото на животот на фамилијата која го води Јувентус

На крајот се поставува прашањето: Кому му припаѓа „Старата дама“? Кој владее со империјата од Торино?

Најјакото кошаркарско тифо во Италија

Ако некој може да им парира на Грците и Србите во навивање во сала, тоа сигурно се навивачите на Болоња Фортитудо кои прават спектакл за очи, уши и душа. Навивачката група им се вика Fossa Dei Leoni со традиција од 1970-та.

Изјавата на Кјелини за Астори

Столбот на одбраната на Јувентус. како и секогаш беше еден од најдобрите поединци на мечот против Тотенхем кој го елиминираа во ЛШ со херојски пресврт. Но мислите по мечот му бегаа на следниот тежок ден. 

Норвешка лига треба да почне, а стадионите како во Лапонија

Во недела би требало да стартува норвешката фудбалска лига ама како им се запнал снегот, ништо чудно да одложат. Еве како изгледа стадионот на екипата Старт од градот Кристијанштад.

Едно големо браво за Клаудио Браво

Ве згазивме 4:0 на првата и сега ќе ви правам што сакам. Дојди пиле да ми ја земеш ако можеш, без раце ќе ти играм.

Тоа е таа страст за фудбал

Џиџи Буфон и Џорџо Кјелини се вистинското лице на Старата Дама без кои Јуве не би бил Јуве. Играат со срце и муда и затоа прават пресврти во Лига на шампиони. Познатата парола на Јувентус „Fino alla fine“ (во превод: до крај) пресликана во потегот на Џиџи.

Вип направи разлика недостижна за Еуро Табак

Екипите на Сава Осигурување, Рамстор и Вип славеа победи во третиот ден од 14. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Андреа сивоња Барѕаљи

Во 33' минута од реваншот Тотенхем - Јувентус, италијанскиот репрезентативец направи голема глупост врз Кореецот Сон и право чудо ќе биде ако не го казнат за безобразието. После неколку минути Сон му избега и го постигна водечкиот гол.

Ако мислите дека сте виделе лош фудбалски терен

Дваесет и второ коло од босанската Премиер лига, дерби меѓу Борац Бања Лука и Зрињски од Мостар. Конечен резултат 1:1. Услови за игра - како да ви кажеме.

Луд пресврт на Вембли, Јувентус е во четвртфинале

Тотенхем речиси два часа од двомечот против Јувентус имаше игра, резултат, шанси, предност. Ама тоа ништо не им значи затоа што „Старата дама“ од два шута во две минути даде два гола и го реши патникот во следната фаза.

На денешен ден падна најбрзиот гол во Лига на шампиони

Ретко кој го памети времето кога Реал Мадрид цели осум години не можеше да пројде во четвртфинале на Лига на шампиони. И само што се понадеваа ги снајде Рој Макај.

Кога родителите му договарале реклами на маестро Федерер

На средината од февруари Федерер потпиша нов рекламен договор со авто гигантот Mercedes и според Forbes, “Маестро“ ќе заработи 15 милиони долари за 3 години. Таквиот договор само ја зацврсти репутацијата на Швајцарецот како „крал на рекламите“.

Како навивачите на Борусија ќе го игнорираат прволигашот Салцбург за да му помогнат на четвртолигашот Салцбург

Навивачите на Борусија Дортмунд важат за навивачи кои сакаат традиција, а мразат богаташи кои ги уништуваат идентитети на клубови за сопствени интереси. Затоа спремаат акција за помош на клуб кој беше распарчен и одново оживеан во четврта лига.

Војната меѓу Салвадор и Хондурас која почнала поради фудбалски меч

Фудбалска војна. Знаеме дека овој термин се појавува на денот на дербито меѓу Ривер и Бока, Фенербахче и Галатасарај или кога навивачите на Селтик одат во другиот крај на Глазгов. Но...

Гранит убедлив во дуелот со Раде Кончар

Во вторит ден од 14. коло во Бизнис лигата на Македонија Гранит го декласираше Раде Кончар, а победи славеа и ЕЛЕМ и ЕВН.

Чудесна голманска одбрана

Агустин Маркезин од Мексико беше толку оддалечен од голот, што е нормално да помислите дека ова е 100% гол. На крај излезе дека тој е побрз од топката. 

Нема спиење за вас во овој град

Неколку навивачи на Војводина околу 3.45 после полноќ дошле пред хотелот каде спиеле фудбалерите на Црвена звезда и направиле голем огномет под наслов „нема спиење за вас во овој град“. Дербито Војводина - Црвена звезда се игра вечерва од 18.

Грне го посети Злате кој доби поддршка и во Гелзенкирхен

Бобан Грнчаров во капитенски стил отиде во болницата за да го посети тинејџерот кој беше избоден со нож. Комити му пееја под балкон и собираа донации за него.

Едно обично фудбалско гостување во Турција

Навивачите на Елазигспор гостуваат некаде во земјата, а еден од нив е спремен како Вајат Ерп.

Цел Енфилд да ти аплаудира треба да си Икер Касиљас

Не е исклучено дека легендарниот шпански голман синоќа за последен пат играше во Лига на шампионите - натпреварување за кое вели дека после долги години во најголемиот клуб на светот, сега го видел од еден друг агол како член на Порто.

Еврогол во Пехчево ко за Лига на шампиони

ФК Кит Го Пехчево против Брегалница Голак, трета македонска лига - исток. Александар Ѓеоргиевски од гостинскиот тим најверојатно после овој гол има добиено нов прекар: Роберто Карлос.

Голман симулираше фаул од судијата

Јохан Падила од Еквадор го направи најсрамниот и најбедниот потег, незапамтен во фудбалот. Ги следиме ние често пати кандидатите за оскар, ама е мизерија број 1. Прво задржуваше време за што доби жолт, а потоа се струполи на земја, мислиш судијата му го исчашил рамото.

И да победувате и да губите ние сме со вас

Ливерпул по пауза од 2008/2009 се враќа во четвртфиналната фаза од ЛШ. Тие му одржаа фудбалска лекција на Порто и го елиминираа со 5:0, а овие пак возвратија со фантастично тифо, се разбира во изведба на нивните верни навивачи кои грмеа и по мечот и претходно во кортео.