Offside

Одличниот Фермин Лопез кој е права ѕвезда на Басрса, има убава традиција, после натпреварите во Андалузија да ја бара баба му по трибините со погледот, да пријде и да ја изгушка. Така беше и по натпреварот во Севиља каде Барселона победи 1-3, а Фермин ја гушкаше баба Лоли која живее во селото Ел Кампиљо близу Севиља.

Проектилот на Сидорф наполни 21 година

Сме остареле или што е работава? Замислете летна точно 21 година од голот на Кларенс Сидорф кој го даде од позиција од каде обично секој друг нафрла. Имало евроголови и евроголови, ама ваква шајка од крајот на светот повеќе не видовме.

Не е лошо да се потсетиме

Семафорот брои 29:53 или само 7 секунди до крај, а резултатот 23:23 и напад за Вардар. Тргнуваат од центар и испишуваат нова историја за македонскиот ракомет и спорт воопшто. Тоа се тие епски и безвременски мигови од ланското финале во Келн. 4 јуни 2017-та. Со златни букви.

Рамос му го спушти на Ибра

И 10 дена по финалето од Лига на шампиони, некој уште има што да каже на тема фаулот на Рамос врз Салах. Можеби Златан нема да си го добие по рамо, ама затоа...

Екселот за СП Русија 2018

На точно 10 дена до стартот на мундијалското лудило, традиционално го објавуваме распоредот на натпреварите за кои ќе бидете укотвени пред телевизор од 14-ти јуни до 15-ти јули.

Снимки од почетокот на кариерата на Ривалдо

Висок, слаб, тенок, со неверојатна левица каков што беше во текот на целата кариера, таков бил и при своите почетоци во Бразил кога уште го знаеле само локалците.

Кари се изнадава тројки за рекорд и втор триумф на Вориорс

Помалку очекувано, по болниот пораз во првиот меч кога можеа да направат брејк на гости, кошаркарите на Кливленд загубија од Голден Стејт на вториот натпревар од големото финале: 122-103.

Златните резерви на Бразил

На 11 дена до стартот на Мундијалот селекцијата на Бразил реши да се појача во делот на средниот ред и нападот, па на Паулињо, Фернандињо и Кутињо друштво ќе им прават Бразилците: 

Психологијата на удар од белата точка - Англичаните секогаш губат на пенали

Поучени од катастрофалните изведби на пенали на најважните нокаут натпревари на Светски и Европски првенства, Англичаните сега вежбаат да шутираат пенали пред Мундијалот во Русија. Никој како нив не промашувал пенали низ историјата.

Изненадување за Вертонген за јубилејниот 100 настап

На пријателската Белгија - Португалија пред почетокот на Светското, белгискиот стопер Јан Вертонген го запиша својот 100. настап за „Црвените ѓаволи“ а наградата му ја врачи мајка му.

За животот на Јазид Зидан

Од заебаните гета на Марсеј каде харале криминални банди малиот Зинедин го извлекол еден човек кој работел како скаут за фудбалскиот клуб Кан од каде Зизу ќе ја почне неверојатната кариера.

Реал Мадрид во секој смисол e жив ќар со Зидан

Им донесе 9 трофеи од кои 11-та, 12-та и 13-та во Лига на шампиони, дојде тивко, без врева, медиумски паради, листа на желби и слично и си замина тивко. Зинедин Зидан ќе го паметат како домаќин човек во одделот за финансии на клубот.

Нов фудбалски штос на Болт

По Борусија Дортмунд, најдобриот светски спринтер замина на проба во норвешкиот клуб Штромготсет, каде повторно покажа дека нема само желба за фудбал. Болт им продаде добра финта на шева, а потоа даде и гол.

Леброн напуштил конференција по прашања за глупоста на Џеј-Ар Смит

А и како да не стане да си оди кога глупиов новинар пет пати го прашува исто и му се качува на глава.

New York Times: Милан пред сигурно исклучување од евро-куповите

Според извори на реномираниот американски медиум, УЕФА наскоро ќе му изрече драконска казна на Милан поради кршење на финансискиот Фер Плеј.

Каква Формула 1 таков и секс

За време на Гран-прито за големата награда на Монако, додека се возела трката еден од присутните забележал „претркување“ на еден од околните балкони.

Одело со шорц и крената чорапа проаѓа?

Леброн ми го украде аутфитот од времето кога бев носач на прстенот на свадба кога имав 4 години, се вели во еден од многуте коментари за тоа како синоќа беше облечен за првото НБА финале.

Тешката глупоштина на Кливленд ги чинеше пораз во првото финале

Иако Кралот Џејмс експлодираше со 51 поен, кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 1:0 на стартот на финалната серија, четврта во низа против Кливленд. Кој знае како спиел ноќеска Џеј Ар Смит после овој потег под кошот во финишот од средбата.

Двајца синови од иста фамилија победија во Лига на шампиони и Лига Европа

Браќата Тео и Лукас Ернандез ќе се сретнат еден против друг на 15. август во борба за Супекупот на Европа кога ќе играат Реал Мадрид - Атлетико Мадрид.

Последниот рекорд на Зинедин Зидан

Деветте трофеи во две и пол години, од кои три рекордни по ред во ЛШ не е единственото нешто по кое ќе остане запаметен како посебен во историјата на  Реал Мадрид. Од неговиот престол никој не си заминал на таков џентлменски и храбар начин во ерата на човекот кој секогаш сам ги правеше чистките.

Како Чезаре му го покажал фудбалскиот пат на Паоло Малдини

31 мај 2009 е истористи датум за Милан, италијанскиот и севкупно светскиот фудбал бидејќи од сцена си замина еден од најјаките дефанзивци во историјата. Се играше Фиорентина - Милан, Паоло излезе од игра, Чезаре успеа да ги задржи солзите, а тој најдобро знае како почна и успеа син му.

Милојко и Неделко

На еден од последните натпревари пред Светското првенство 1998 во Франција, Југославија ја пречекала Нигерија на пријателска средба. А мечот го коментирал Милојко Пантиќ кој не пропуштил шанса да се позафркава.

Голманите кои се појавија на проба во Ливерпул

Кој знае како ќе завршеше финалето во ЛШ меѓу Реал и Ливерпул, ако Кариус не беше кашкавал во тоа рацете. Вака човекот сега е оставен на милост и немилост во тролачкиот свет на интернетот скоро една недела.

Заврши трофејниот пат по кој Зидан изоде со Реал Мадрид

Од нигде никаде во сончевиот Мадрид претпладнево загрме а громот одекна во цел свет.