Паоло Малдини не е истуркан со врски во Милан поради татко му, колку и да му завидувале многумина. Како почнал во нивната академија во 1978-ма и која е разликата кога тој се запишувал на фудбал за разлика од сега, ќе ви раскаже самиот.
„Ќе играш само ако ти оди добро во школо, во спротивно прекинуваш“.
Татко ми беше малку старомоден. Сакаше да бидам успешен во школо и да не се чувствувам обврзан да одам по истиот негов пат.
Кога бев мал играв на асфалтиран терен, паѓав и тешко се повредував. Тоа за мене беше игра, не мислев на славата на татко ми.
Во зградата каде што живеевме, под мене имаше еден соученик кој имаше голема тераса. Игравме еден на еден. Случајно забележав дека татко ми понекогаш не посматра од нашиот балкон.
Кога се навраќам на тие години, се сеќавам на уште една работа. Враќајки се од школо, се симнував две станици порано за да трчам и да се натпреварувам со трамвајот. Тука мислам дека се роди мојата желба за натпревар.
Татко ми никогаш не ме притискаше, ниту ургираше за мене. На 10 години пристигнав во Милан, а тренерот го праша: Господине Малдини, каде да го ставам да игра? Не знам, тоа вие ќе си решите, му одговори татко ми и си седна во еден од ќошевите на трибината, колку што е можно подалеку од терен.
Татко ми велеше: Однесувај се добро, биди искрен, ангажирај се секогаш максимално и 90% ти е завршена работата.
Сега е многу потешко. Има деца кои од 13 години имаат агент и технички спонзор. Има родители кои се убедени дека дома го имаат новиот Меси и за да ги исполнат своите очекувања ги тапшаат по рамо. Има тренери кои мислам само на табела, а не на менталниот развој на детето, кое можеби доаѓа од далеку и нема поддршка од семејството.
Она „Овој му е син на“ го слушав се додека не стигнав до првиот тим. „Играш само заради тоа што си син на Малдини“, ми го велеа и противниците, но и родителите на моите соиграчи. Не беше лесно, но на крај мислам дека добро заврши.
Сакам да ве потсетам на татко ми кој знаеше да биде ироничен со една прекрасна фраза:
„Тој не е повеќе син на Чезаре, јас станав татко на Паоло“.
Тоа се тие шампиони и пред се луѓе од други времиња кои служат и ќе служат како пример во спортот.