Таг: чезаре малдини

Продолжување на големата династија - за Милан дебитираше син му на Малдини, внук на Чезаре

Конечно се случи тоа што многумина го очекуваа - настан кој ќе се памети засекогаш, особено меѓу навивачите на еден од најтрофејните клубови во историјата.

Син му на Малдини заигра за првиот тим на Милан

На само 17 години, синот на легендарниот Паоло доби шанса од тренерот на Милан, Џампаоло, кој го стави во улога на плејмејкер, зад истурените Кастиљехо и Пјонтек. Кротоне го сака на позајмица, Милан се двоуми.

Како Чезаре му го покажал фудбалскиот пат на Паоло Малдини

31 мај 2009 е истористи датум за Милан, италијанскиот и севкупно светскиот фудбал бидејќи од сцена си замина еден од најјаките дефанзивци во историјата. Се играше Фиорентина - Милан, Паоло излезе од игра, Чезаре успеа да ги задржи солзите, а тој најдобро знае како почна и успеа син му.

Спомените на Милан за Малдини

Флаерот од финалето против Бенфика во ЛШ, инсерт од мечот, подигнувањето на пехарот и слетувањето на аеродром е дел од ова кусо историско и емотивно парче кое Милан го направи во чест на легендата Чезаре Малдини кој почина пред два дена на 84 години.

Аѕурното небо ќе го памети Чезаре Малдини

Еден од симболите на италијанскиот фудбал, Чезаре Малдини кој почина во саботата на 84 години, својот пат до легендите го трасираше преку успесите со неговите ученици Буфон, Канаваро, Неста, Тоти, Инзаги, Виери, Делвекио, Морфео. Освои три У-21 ЕП по ред и стана рекордер.

Почина легендата кој ја освои првата ЛШ со Милан

Чезаре Малдини е човекот кој го подигна првиот пехар на еден италијански клуб во најелитното клупско европско првенство, а тоа се случи на стадионот Вембли во 1963 година. Замина на 84 годишна возраст.

Милан и Интер во историска криза

Откако победата вреди три бода, црвено и сино црните никогаш не биле вака лошо пласирани на табелата, како што се во моментов. Заедно имаат 52 бода, само три повеќе од Јувентус сам.