Тешката глупоштина на Кливленд ги чинеше пораз во првото финале

Иако Кралот Џејмс експлодираше со 51 поен, кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 1:0 на стартот на финалната серија, четврта во низа против Кливленд. Кој знае како спиел ноќеска Џеј Ар Смит после овој потег под кошот во финишот од средбата.

Кливленд Кавалиерс имаше златна шанса за брејк во финалето на НБА лигата, но откако ќе направиш потег како да си аматер, а не дел од најелитната кошаркарска лига во светот, нема победа. Што се случи?

На 4,7 секунди до крај Џорџ Хил изведе слободни фрлања. Првото го погоди и го израмни резултатот на 107:107, но потоа промаши, а топката ја фати Џеј Ар Смит. И место на оди на поени за победа тој избега од под кош.

Леброн Џејмс му гестикулираше и на крај направи кисела фаца, а Смит веројатно не го прател добро семафорот и мислел дека се во водство. Не сме виделе ваков кикс до сега во финале.

Во продолжението од мечот домаќините го добија мечот со конечни 124:114.

Бадијала беше партијата на Џејмс од 51 поен, кога неговиот колега ја утна ептен. Кај Голден Стејт најпрезицни беа Стеф Кари со 29, Кевин Дурант со 26 и Клеј Томпсон со 24 поени.

Глупоста на Смит

Хајлајтс

 
1 јуни 2018 - 08:59