Одело со шорц и крената чорапа проаѓа?

Леброн ми го украде аутфитот од времето кога бев носач на прстенот на свадба кога имав 4 години, се вели во еден од многуте коментари за тоа како синоќа беше облечен за првото НБА финале.

Еве ние сме спортска редакција и не се разбираме во мода, ама сигурни дека ако некој кај нас се појави во ваква комбинација во јавност, ќе го направат нетачен и ќе го сликнат едно 50 души.

Ако Џеј Ар Смит го направи најчудниот потег во првото НБА финале, тогаш најчудната комбинација на облека ја има Леброн Џејмс. Значи да повториме: Одело со кравата, шорц и кренати чорапи со кондури. Плус и за ташната нешто не сме најсигурни.

А кога оди во друга крајност, тоа изгледа вака

1 јуни 2018 - 09:44