Реал Мадрид во секој смисол e жив ќар со Зидан

Им донесе 9 трофеи од кои 11-та, 12-та и 13-та во Лига на шампиони, дојде тивко, без врева, медиумски паради, листа на желби и слично и си замина тивко. Зинедин Зидан ќе го паметат како домаќин човек во одделот за финансии на клубот.

Зизу е единствен по многу нешта во Реал Мадрид. Им донесе рекордна низа од три титули по ред во ЛШ, не смени ниту еден играч во старните постави на последните две финалиња, се повлече прв пред да го избркаат, па дури и си ги проигруваше играчите.
 
Тој е еден од оние тренери кои работат тивко и успешно. Впечатокот од неговите први две и пол години тренерска кариера е дека колку го биваше како играч, толку го бива и за тренер, барем според досегашните успеси.
 
Но покрај тоа што ја полнеше витрината на клубот, за време на неговиот стаж се наполни и клупската каса. Паралелно со големите заработки од премиите на УЕФА, маркетингот, тв правата и продажбата на карти, клубот во негово време имал ќар и од играчи.
 
За време на тренерската кариера на Зидан во Реал (4 јануари 2016-та - 31 мај 2018-та), Реал бележи 95 милиони евра потизивно салдо на трансфер пазарот.
 
Тој е единствениот стратег од можни 14 на Реал во 21 век кој не го однел во минус клубот кога требало да се купуваат и продаваат играчи.
 
За Дел Боске се одело 179 милиони евра во минус. За Пелегрини 169, за Мурињо 129,5 милиони.
 
Како стојат работиве еден ден ќе го бараат назад.
 
1 јуни 2018 - 12:56