Реал Мадрид лани го совлада Јувентус со 4:1, а оваа година Ливерпул со 3:1. Фотографиите од стартната постава на двете финалиња донесоа еден податок кој освен Зидан можеби ретко кој го знае или забележа.
Францускиот стратег и во Кардиф и во Киев во прв тим ги пуштил истите 11 играчи. И не е само тоа, фотките се идентични, бидејќи сите 11 европски прваци кои го освоија Кардиф, застанати се на истите позиции и во Киев.
Тие што правеле споредби забележале осум исти детали во однос на тоа каде ги држат рацете.
И ако одиме до крај со она „пронајди ја разликата на двете слики“, ќе видиме три разлики на горната слика: Рамос не ја ставил раката на рамото на Крос, Роналдо не гледа во камера и дресовите не им се бели.
Не за џабе рекле тимот кој победува не се менува, а во однос на деталите тоа е веројатно само една импресионирачка коинциденција.