Пресудата би требало да биде објавена во следните денови, па иако ништо не е дефинитивно, Милан ризикува следната година да остане без учество во Лига Европа.
Во текст објавен на сајтот на американскиот весник не се расфрлаат со тешки зборови но велат: „Финансиските инспектори на УЕФА кои ја разгледуваат целата документација на Милан предложиле исфрлање на клубот од континенталните натпреварувања“, со нагласок дека изворот е анонимен затоа што постапката уште е во тек.
Притоа NYT потсеќа дека по пропуштеното Светско на Италија, ова ќе биде уште еден удар за тамошниот фудбал.
Ова доаѓа откако УЕФА во претходните денови го одби предлогот на Милан за договор со цел на трофејниот клуб да му се даде време да ги консолидира финансиските проблеми.
Со ваква процедура пред исфрлање се соочи и рускиот Динамо Москва кој во 2015-та понудил settlement agreement но бил одбиен од УЕФА и исфрлен на дури четири години од еврокуповите.
И Милан ризикува слична драконска казна иако од клубот се надеваат дека казната ќе се однесува на суспензија и блокирање на трансфер пазарот.
Дел од навивачите на Милан сметаат дека ваквиот епилог би донел и нешто добро, затоа што „росонерите“ би играле само на домашни фронтови и би можеле да се концентрираат на првенството како што направи Интер кој после повеќе од пет години обезбеди пласман во Лига на шампиони преку Серија А.