578.024 гласови за херојот кој ја замрзна Маракана

Кој е најголем играч на Светските првенства, праша ФИФА, а фановите одговорија: Алсидес Гиџа, човекот кој на 16 јули 1950-та му го донесе на Уругвај вториот златен пехар на четвртиот Мундијал. И тоа со гол за 2:1 против фаворитот Бразил во 79-та минута пред 200.000 луѓе на Маракана. Ден кој бил сметан за национална трагедија во земјата на фудбалот.

Гиџа потоа ќе рече: „Само тројца луѓе успеале да ја замолчат Маракана. Френк Синатра, Папата и јас“. Почина во 2015-та на 88 годишна возраст.

 

6 јуни 2018 - 13:14