Игор Ракочевиќ бил на преку 100 концерти на Мејден, само летово на 13

Прославениот српски кошаркар кој играше за Црвена звезда, Будуќност, Минесота Тимбервулвс, Валенсија, Реал Мадрид, Тау Керамика, Ефес Пилсен и Сиена, во кариерата освои светска шампионска титула во 2002 година во Индијанаполис а во 2001 ЕП во Турција. Освојуваше титули и во Шпанија, Италија и Турција. Важи за луд вљубеник во бендот Ајрон Мејден а на социјалните мрежи често објавува слики од концертите на кои бил. Од Австралија па до Јужна Америка. Само летово бил на дури 13 концерти на Ајрон Мејден на нивниот јубилеј 50 години постоење.

Тој често оди со ќерка му. Вели дека досега бил на 113 концерти на најпознатиот светски хард рок бенд „Ајрон Мејден“. Сега се спрема за концертот во Берлин кој ќе биде прав шлаг на турнејата на бендот летово.

Интересно, ќерка му во една прилика како мала му оставила писмо во кое му напишала: „Да не беше ти, немаше да ги знаеме Ајрон Мејден“. 

Покрај Мејден, прославениот српски кошаркар роден во Белград ги обожава и стриповите Дилан Дог и Алан Форд:

Ракочевиќ во кариерата освои титула и Куп во шпанска лига, 3 шпански Суперкупа, беше најдобар стрелец во шпанската лига, прогласен за најдобар играч. Во Италија освои шампионска титула и Куп на Италија, во Турција 2 турски Купа, има два Купа на Србија и 1 АБА лига.

Во еден познат кошаркарски подкаст, Ракочевиќ дури и бурно и жестоко реагирал кога на негова констатација дека „текстовите на Мејден имаат длабочина и ако некој не ги сака Мејден или е глуп или е неинформиран“, водителите Иван Миниќ и Милан Дозет не биле баш согласни со него.

„Што и ти не ги сакаш Мејден?“, луто свикал Ракочевиќ и продолжил: „Што, немаш долга коса, ќелав си и бојкотираш? Ајде што ме заебаваш, ме носиш на гости и ми ги плукате Мејден“, рекол Ракочевиќ и му се пуштил на Милан Дозет кој веќе неколку години е спортски директор во Црвена звезда.

Подоцна Ракочевиќ вели дека сето било договорено и дека била скриена камера и дека сè било за смеа и забава.

29 јули 2025 - 13:45