Бруно Петковиќ: „Бобан има биполарно пореметување“

Долгогодишниот центарфор на Динамо Загреб и на хрватската репрезентација, Бруно Петковиќ кој го постигна фамозниот гол против Бразил на Светско првенство 2022, до скоро беше недопирлив во екипата на Динамо.

Но со доаѓањето на Звонимир Бобан на чело на клубот работите се сменија. Некогашниот фудбалер на Милан реши да направи комплетна револуција и да се збогува со неколку првотимци. Меѓу нив Стефан Ристовски, Аријан Адеми и Бруно Петковиќ.

Шпицот летово замина од Динамо Загреб и потпиша со турскиот клуб Коџаелиспор во турската суперлига.

„Сакам да ја кажам мојата верзија на приказната. Пред последниот натпревар во првенството, Звоне закажа состанок. Го загубивме првенството во последното коло, а за утредента беше закажан состанок со играчи. Тој кажа дека доцнев на состанокот, но тоа му го најавив и доцнев 3 до 4 минути. Доцнев поради тоа што не можев да спијам од загубената титула.

„Го почнавме разговорот, Звоне ми порача дека морам максимално да се подготвам за новата сезона, да ја санирам повредата и дека ме гледа како капитен на тимот. Потоа стана и ми рече дека сме се договориме. Јас му возвратив дека ако си подадеме рака, тоа е како да сме потпишале нов договор. Побарав седум дена да одморам и да си ја избистрам главата. Во тој момент му се ококорија очите, а јас имам своја теорија дека тој има биполарно пореметување. Ми покажа каде е вратата ако не сакам да останам во клубот.

„Ми порача дека немам од што да одморам и тука почна расправијата. После малку се смиривме, па се договоривме да се видиме за седум дена. Наместо нова средба, следниот ден добив информација дека немам потреба да доаѓам на подготовките за новата сезона. Тој ми ја покажа вратата, откако половина час претходно велеше дека сум капитен и дека се е добро. Звоне не може така да се однесува кон мене, не можам да дозволам да уринира по мојот образ. Кога се вратив од Турција, прво нешто што направив беше раскинување на договорот со Динамо“, открива Петковиќ, кој вели дека слична приказна имал и Аријан Адеми.

„Не можам да зборувам за него, но можеби и Адеми ќе сака да ја раскаже својата приказна. Аки има навистина многу работи за раскажување“, потенцира Бруно.

29 јули 2025 - 09:55